По консултација со
@Diesel (фала ти уште еднаш) што да се примени на седиштата, земено денес Leather Cleaner, Leather conditioner и четка на Grass.
Не планирав денес ништо да правам, ама искрено ме копкаше како ќе искочи, така да на брзинка поминато возачкото седиште и резултатите за мене се повеќе од очекувањата!
Ќе напоменам, на сликата се познава разликата ама не до толку помеѓу возачкото-исчистено и совозачкото-не пипнато, отколку во живо.
Деновиве ќе и влезам саглам со тоа што на некои места, како што се прекршувања на кожата, гребаници итн ќе си добие и боичка.
Мислам дека ќе искочи супер, иако кожа генерално не сакам, ама тоа е што е.