Автор Тема: Проблем со Fuel Trims/корекција на гориво - Opel Calibra  (Прочитано 1886 пати)

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Како и претходната, така и оваа Calibra има проблем со перформансите на моторот.
Добрата работа е што научив многу обидувајќи се да ги поправам, лошата е што сеуште висам на форуми до 3 саат обидувајќи се да ги поправам   >:(
Случајов е следен: Opel Calibra 2.0 16v (X20XEV) 100kW/136hp бензинец, нема снага низ целиот вртежен опсег и посебно се осеќа на ниски обртаи и при поаѓање од dead stop.
Првиот проблем е вредноста која MAF сензорот ја праќа кон ECU-то. Во мирување, на лер гас, праќа 0.34v (5.51kg/h или 1.53g/s), додека правилната вредност е 0.7v (12 kg/h или 3.33g/s). Овој податок е изваден од Autodata и го имам потврдено на проверена и исправна кола со истиот мотор и engine management. Исто така пробано е со размена на сензорите, но без успех, вредностите на мојот а и на другиот мотор останаа исти како и предходно. Напонот е мерен и директно на сензорот со унимер, такада тоа би го елиминирало проблемот со инсталација.
Вториот проблем е тоа што позади издувот мириса на жив бензин, што е малку чудно со оглед на тоа дека MAF сензорот чита помалку воздух од што треба, што би резултирало со сиромашна(lean) смеса.
Да обрнеме внимание на втората нелогичност (види слика) - BLM Idle и BLM Partial load. BLM или Block Learn Map или Long term fuel trim, е податок што ни кажува каква корекција прави ECU-то на вбризгувањето на гориво, врз база на информации добиени од oxygen/lambda сензорот. 128 е неутрална/default вредност, што доколку е прикажана истата, би значело дека смесата е идеална каква што е без потреба од некаква корекција. Било која вредност над 128, значи дека oxygen/lambda сензорот детектира сиромашна смеса и ECU-то додава гориво со цел да ја направи „идеална“, а под 128, одзема (во однос на default вредноста), со цел нели, повторно да се достигне балансот на гориво и воздух.

Во мојот случај, на лер гас имаме дефицит на гориво од ~6% (128+6%=136), и сместата е збогатена за 6%.
При делумно оптоварување, има одвишок на гориво од ~13.3% (128-13.3%=111), и смесата е осиромашена за 13.3%.

Погледнете ја разликата во пулсот на дизни, 2.2ms на лер гас, наспроти 1.18ms при делумно оптоварување (педала за гас притисната 15%)
И оваа разлика резултира во каснење и лош одзив на гаста (прикажано на видеото), придружено со силни вибрации.
Единствено сценарио кога моторот има солидни перформанси е при возење со константна брзина (на автопат), претпоставувам бидејќи ECU-то има време да „научи“ кој е потребниот сооднос на воздух и гориво во тој момент. Од ~120km/h оживува и полетува до кај 200/210.
Еве краток список на информации за тоа што се е направено/проверено, за да се елиминираат непотребни коментари:
Измерен притисок во цилиндри (~14 бари има на секој, најголемата отстапка е едвај 0.1), измерен притисок на гориво (3 бара), проверено порамнување на ребрастиот каиш, сменети свеќици, кабли, исчистен усис, smoke-тестиран усис за фалш воздух, откачен издув од грана со цел да се елиминира запушување, check engine сијаличка не свети, грешки на дијагностика нема, ECU-то е фабрички, без „чипови“ и слично.

Сликава е направена на отприлика 5c при загреан мотор (90c), белиот чад многу мириса на бензин.
и, кога веќе стигнавте до крај, може ли нешто корисно да се извлече од сите овие информации ? што би можело да е причината за проблемов? Има ли спас освен оглас/отпад ?
« Последно менување: 27 Декември 2021, 03:38:52 am Indigo »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Проблем со Fuel Trims/корекција на гориво - Opel Calibra
« Одговори #1 на: 27 Декември 2021, 08:15:30 am »
Ова видео ми е омилено, кога навидум се е во граници на нормала, а всушност нешто ситно го е*е орото.


Сигурно и кај тебе е нешто ситно, ама дур се открие.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со Fuel Trims/корекција на гориво - Opel Calibra
« Одговори #2 на: 27 Декември 2021, 08:35:27 am »
Најчесто производителите прават closed и open loop "мапи" во истиот моторен компјутер, кај што closed loop, при варијабилни позиции на throttle position sensor, брзина, чести и брзи промени во MAF и слично, компјутерот ги користи сите сензори на располагање, затоа и во сите услови на возење освен автопат имаш проблем со колата.

При возење на автопат со константна брзина, компјутерот вика "еј, мене не ми треба Ламбда и МАФ, и не сакам да знам која ми е температура на вода зошто при овие брзини на автопат имам предефинирано мапа што знам дека работи, и ја користам неа" ефективно исклучувајќи ги сензорите кои се фалични и поправајќи ја колата.

Е сеа, ќе ти верувам дека МАФот е добар, сензорот за температура на вода чита добро според дијагностика, и единствено нешто што не чита добро (од глсвните сензори за правење на смеса) ти е Lambda сензорот и него најлесно можеш да го тестираш со тоа што ќе го откачиш, и ќе го откачиш и акумулаторот за компјутерот да почне да учи калибрација без Ламбда во игра.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со Fuel Trims/корекција на гориво - Opel Calibra
« Одговори #3 на: 27 Декември 2021, 08:44:09 am »
Јас прво би го испитал усисот. Мнооогу личи на фалш воздух работава. Моја претпоставка, од МАФ сензор до вентили влегува друг воздух, кој не поминува преку МАФ сензорот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Проблем со Fuel Trims/корекција на гориво - Opel Calibra
« Одговори #4 на: 27 Декември 2021, 10:22:33 am »
Најчесто производителите прават closed и open loop "мапи" во истиот моторен компјутер, кај што closed loop, при варијабилни позиции на throttle position sensor, брзина, чести и брзи промени во MAF и слично, компјутерот ги користи сите сензори на располагање, затоа и во сите услови на возење освен автопат имаш проблем со колата.

При возење на автопат со константна брзина, компјутерот вика "еј, мене не ми треба Ламбда и МАФ, и не сакам да знам која ми е температура на вода зошто при овие брзини на автопат имам предефинирано мапа што знам дека работи, и ја користам неа" ефективно исклучувајќи ги сензорите кои се фалични и поправајќи ја колата.

Е сеа, ќе ти верувам дека МАФот е добар, сензорот за температура на вода чита добро според дијагностика, и единствено нешто што не чита добро (од глсвните сензори за правење на смеса) ти е Lambda сензорот и него најлесно можеш да го тестираш со тоа што ќе го откачиш, и ќе го откачиш и акумулаторот за компјутерот да почне да учи калибрација без Ламбда во игра.

Пробано е и тоа, за жал не помогна. повторно го има тоа прерипување од лер кон partial throttle. Дополнително, направена е и анализа на lambda сензорот, на пример при deceleration/fuel cut-off сценарија напонот паѓа на минимум, и при wide-open-throttle (не partial), оди на максимум.

Јас прво би го испитал усисот. Мнооогу личи на фалш воздух работава. Моја претпоставка, од МАФ сензор до вентили влегува друг воздух, кој не поминува преку МАФ сензорот.

Јас бев '100% убеден' дека е усисот кога ги споредив параметрите од MAF сензорите со исправен мотор. Бидејќи нели, повеќе воздух низ maf-от = помал отпор и повисок напон од MAF-от кон ECU-то. Прво потрошив цело шишенце brake cleaner прскајќи ја усисната грана и сите споеви со вакум црева, а потоа и се одлучив да лупнам 100 долари на smoke машина од ebay, што за жал не даде никаков резултат. Можеби нешто пропуштам не знам..
« Последно менување: 29 Декември 2021, 19:45:46 pm Indigo »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со Fuel Trims/корекција на гориво - Opel Calibra
« Одговори #5 на: 27 Декември 2021, 10:36:12 am »
Си пробал да го ставиш компјутерот од исправната кола кај тебе?

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Проблем со Fuel Trims/корекција на гориво - Opel Calibra
« Одговори #6 на: 27 Декември 2021, 10:40:07 am »
Си пробал да го ставиш компјутерот од исправната кола кај тебе?

не, immobiliser-от е вграден во ECU-то и e спарен со читачот на брава, малку подолга процедура е и бара растурање по ентериерот, па воопшто не ми е пријатно да барам такво нешто од некого.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Проблем со Fuel Trims/корекција на гориво - Opel Calibra
« Одговори #7 на: 27 Декември 2021, 11:59:17 am »
Да тркнеш во Ѓорче до кај Аце Калибра?
Знам дека е будала и мераклија на чашката, ама вака од муабети што се блиски со него, рекле дека е доктор за Калибра. Се знам лично ако сакаш ќе одиме заедно.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Проблем со Fuel Trims/корекција на гориво - Opel Calibra
« Одговори #8 на: 28 Декември 2021, 18:59:20 pm »

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Проблем со Fuel Trims/корекција на гориво - Opel Calibra
« Одговори #9 на: 09 Јануари 2022, 01:20:09 am »
мал update:

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Проблем со Fuel Trims/корекција на гориво - Opel Calibra
« Одговори #10 на: 24 Февруари 2024, 15:14:52 pm »
мал update: цел усис го предихтував но проблемот не се реши, па се обидов со друг пристап: in-cylinder pressure waveform diagnostics: резултатот е следен:



Графикот на сите цилиндри генерално е ист. Мене лично ми делува на проблем со тајмингот на вентилите - несоодветно отварање и затварање на издувните вентили и покрај тоа што ремениците на брегастите се на репери. Би сакал да чујам мислење од некој што е постручен пред да почнам со експерименти.
« Последно менување: 24 Февруари 2024, 21:58:21 pm Indigo »

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: Проблем со Fuel Trims/корекција на гориво - Opel Calibra
« Одговори #11 на: 24 Февруари 2024, 21:54:49 pm »
Ако се брегастите на „кајла“ можеш да провериш дали случајно се пукнати и изместени, вака на репери ќе ти изгледа дека се добри ама може да бидат изместени доколку кајлите се оштетени.