Автор Тема: TUNING THE C 20 LET  (Прочитано 49128 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: TUNING THE C 20 LET
« Одговори #30 на: 07 Јули 2011, 09:19:02 am »
Pa ima nekoj ekrem111  - clen na forumov, ali nema postirano do sega taka da ne znam.
Sega go ima crveniot kadet sto se trkase so fokusot na Dare pred A.Palas.

Отсутен Maks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 253
    • RACE CHIP
Одг: TUNING THE C 20 LET
« Одговори #31 на: 07 Јули 2011, 11:36:29 am »
Искрено, не ме импресионираат dyno & drag queens. Све фино што има 900 коња, ама нит моеш да ја возиш надвор од драг стаза, нит бутур. Фала.

Многу повеќе мерак би ми направила Калибра со ~300 коњи, кои можеш да ги искористиш во реален свет.

А моето мислење за драг го знаеш. Занимација за мали деца.

Za realen svet ne ni ti trebaat 300 KS.
Ti trebaat samo  Nm. :)
Тачно! Не се штеди на Нм. Дис ис калибра, лејдис енд џентлмен, ту таузнд турбо!
Haha, toj tipot sto vozi okolu skopje go veli toa. Da ne e clen na forumov?

haha...Ne Ekrem mislite?


Tipov ili so bormasina ja lazira kilometrazata ( a obrtomerot se zaglavil na 4000 ) ili e glup,so ladna masina ne zagreana ..... :) bravo za gluposta. lejdis i dzentlemen.
« Последно менување: 07 Јули 2011, 11:38:04 am Maks »
Штета што не сум се родил 30 години порано.
Сакам коли од железо не од пластика,пластични имав пред пубертет.  

FrontWD Sucks!!!

Отсутен Mato_Zlato

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 316
Одг: TUNING THE C 20 LET
« Одговори #32 на: 17 Јули 2011, 00:52:14 am »
Ekrem e "one & only"
EAST SIDE DRIVERS

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: TUNING THE C 20 LET
« Одговори #33 на: 17 Јули 2011, 11:47:25 am »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: TUNING THE C 20 LET
« Одговори #34 на: 17 Јули 2011, 11:52:50 am »
Ekrem e "one & only"

:) :) :)

А да го зачлениме у carclub ?  Ќе научиме нешто поише ;)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: TUNING THE C 20 LET
« Одговори #35 на: 17 Јули 2011, 12:12:55 pm »
Ekrem e "one & only"

:) :) :)

А да го зачлениме у carclub ?  Ќе научиме нешто поише ;)
Требаше да помине кај мене, ако дојде ќе го кандисувам..

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: TUNING THE C 20 LET
« Одговори #36 на: 17 Јули 2011, 12:22:54 pm »
Ekrem e "one & only"

:) :) :)

А да го зачлениме у carclub ?  Ќе научиме нешто поише ;)
Требаше да помине кај мене, ако дојде ќе го кандисувам..

Браво Маестро !!! Ипак Опел си е Опел ;)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: TUNING THE C 20 LET
« Одговори #37 на: 17 Јули 2011, 12:45:42 pm »
Ekrem e "one & only"

:) :) :)

А да го зачлениме у carclub ?  Ќе научиме нешто поише ;)
Требаше да помине кај мене, ако дојде ќе го кандисувам..

Браво Маестро !!! Ипак Опел си е Опел ;)
Wir Leben Autos.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: TUNING THE C 20 LET
« Одговори #38 на: 20 Јули 2011, 10:32:53 am »
Nesto poinakvo:


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен mrmut

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 731
    • http://VisitsToMoney.com/index.php?refId=601060
Одг: TUNING THE C 20 LET
« Одговори #39 на: 21 Јули 2011, 22:54:44 pm »

Отсутен Mato_Zlato

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 316
Одг: TUNING THE C 20 LET
« Одговори #40 на: 23 Јули 2011, 00:15:26 am »
едноставно мораФ



ај да не ви правам лиги еве ви го и видеото да д*кате малку ;)

EAST SIDE DRIVERS

Отсутен mrmut

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 731
    • http://VisitsToMoney.com/index.php?refId=601060
Одг: TUNING THE C 20 LET
« Одговори #41 на: 23 Јули 2011, 01:05:29 am »
едноставно мораФ

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

ај да не ви правам лиги еве ви го и видеото да д*кате малку ;)


Toa be matao  ;D :D :D :D :D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: opel tigra 1.6 turbo
« Одговори #42 на: 28 Јули 2011, 20:50:00 pm »
Се допишав со еден пријател на мој пријател кој има долгогодишно искуство со механички тјунинг уште од минатото, а во поново време и со софтверски. Меѓу другото има тјунирано многу C20LET мотори. Според него, а мислам дека сите ќе се согласиме, небитна е максималната моќност туку вртежниот момент/моќноста во работниот опсег на вртежи (од средни вртежи па до исклучување). Вели, дури и при професионално изработени ECU мапи на stock C20LET мотор во работен опсег е ризчно да се покачат вртежниот момент и максималната моќност за повеќе од 30% поради драстично зголемените температури и механички напрегања.

На прашањето кој е безбеден/доверлив буст на перформанси за секојдневна употреба во која има сценарија како она да ја разпукаш машината на отворен пат ко Ниш - Загреб. Вели, ако моторот е сочуван и одржуван(а тоа значи дека редовно се менувани сите компоненти во временски интервали предвидени од производителот) со професионално изведени мапи тој мотор ќе нема проблеми на долги стази со појачување на вртежниот момент и моќноста во границите од 20% до 25% во однос на фабричките перформанси. Притоа морално е користење на врвно уље и квалитетен високо-октански бензин (кој кај нас го нема). Го прашав зошто тогаш некои познати тјунерски куќи ветуваат големи цифри како 300-350КС. Вели дека некои лажат, а други намерно прават не-ефикасен тјуннинг така што ќе наштелуваат високи пикови. Пиковите на клиентите им даваат лажна перцепција за придобивките од тјунингот, а за сметка на нив се губи голема порција на реални перформанси. Бројките од пиковите треба да ги занемарувам и најдобро е перформансите да ги тестира профи возач на стаза или да ги споредам кривите добиени со тестови пред и потоа на профи динамометар.

Како одговор на прашањето дали фабричките клипови можат да издржат до 600КС и дали некој успешно постигнал таков тјунинг, добив "LoL". Вели да не верувам во митови и секоја приказна која ќе ја прочитам на интернет. 600КС била амбициозно сериозна моќност за C20LET. До сега видел иљадници тјунирани C20LET со фабрички клипови и меѓу нив нема таков кој на мерење покажал бар приближна бројка. Од неговото искуство најголема моќност/вртежен момент на C20LET со фабрички клипови го спровеле на некоја Аскона наменета за градско курчење и тоа затоа што сопственикот инсистирал на нереално агресивен буст. Најпрво и промениле и додале едно чудо делови од грани, турбина, интеркулер, блоу оф вентили, буст контрол, инјектори, пумпи за гориво, кастм компјутер и др. Сопственикот бил нестрплив да ги дочека остатокот од деловите кои веќе биле порачани и стигнале за 2-3 недели, па ги исфорсирал работите. На динамометар според кривите речиси дуплирна била моќноста и вртежнииот момент од уклучување на тубрина(над 2000RPM) па нагоре, а колку што се сеќава пиковите биле околу 420KS и 600NM. Сопственикот го зарибал моторот за помалку од 2 недели и тоа не го зарибал туку буквално го стопил. Кога го отвориле не знаеле кои од парталите се од клипови, а кои од вентили. Не им било јасно дали кариките изгореле или се претопиле во другите парчиња метал. Битно ги немало.

Со сиот респект кон неговите познавањата, искуствоа и реноме, јас нему ќе му верувам повеќе одошто на муабетите кои се раскажуваат  во разни кругови на ентузијасти и аматери тјунери и тркачи. Немам намера некого да омаловажам или увредам, најмалку некој овде на форумов, но овој човек мислам дека е доста поискусен и од најискусните овде кој е дел од R&D инжинерингот на една од 10-те најпознати светски тјунинг - куќи/групации. По негово барање не смеам да кажам кој е и каде работи поради интерните кодекси и правила на компанијата.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Mato_Zlato

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 316
Одг: opel tigra 1.6 turbo
« Одговори #43 на: 28 Јули 2011, 21:49:23 pm »
браво за исцрпниот одговор, во некои работи се сложувам во некои не, како и да е секој си има свое мислење. ке спомнам само еден човек што го знам, што возеше ЛЕТ, константно 1.0-1.1 буст, максимлно малтретиран, и без никаков проблем си одеше со колата до грција, турција.......... мотор во 99% од случаите не се "крши" од снага туку од детонација, тоа е нај големиот проблем што кај нас ретко кој го сфаќа.

моментално спремаме еден проект (колку што дозволува буџетот) со не многу преправки сакаме да добиеме над 300КС (негде околу 350КС) што за наши услови е и повеке од доволно. се надевам дека ке биде во догледно време и дека ке имаме услови да направиме дајно ран.

BTW го молам Блаже ИТР да се вклучи во муабетот, да каже што има постигнато со ЛЕТ мотор и со какви модификации.
EAST SIDE DRIVERS

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: opel tigra 1.6 turbo
« Одговори #44 на: 29 Јули 2011, 00:16:35 am »