Да ја претставам мојата втора Алфа Ромео.
Се работи за Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
Произведена е во 2010г и живеела во Швајцарија.
Поседува 1.4 литра бензин мотор со 170кс.
Од опрема освен стандардно за Distinctive, колку што можев да видам, поседува големи Brembo кочници и кожен ентериер.
Барав замена за 147 и гледав повеќе возила. Кога веќе го стеснив изборот почнав да барам сочуван примерок и нормално некој кој ќе влези во буџет.
Имавме одлично искуство со 147 и многу ни се свиѓаше Џулиетата како изгледа. Па така падна одлука да се бара Џулиета.
Подолго време барав некоја добра. Замарав луѓе, замарав продавачи од повеќе држави и за на крај да испадни оваа. Купена е од Швајцарија и со превоз донесена до Мк. Изгледа доста сочувана и одржувана е како што треба. Сега за сега е со зимски сет, треба да пристигни и летниот сет.
Се уште не ја имам провозено како што треба, само низ град. Кога ќе поминам повеќе км, ќе пишам како се понаша на пат.
Иначе фино количе е, малку ми е чудно после возење со ќумбето. Сега се е тивко, мазно.
Голема разлика има во изолацијата и општо чувството на посигурна/ повозрасна кола за разлика од 147.
Еве и некоја слика од колата...