За вистински „авантуристи“ веројатно вреди секоја паричка вложена овде. Јас уште не сум сигурен до каде би истегнал черга пошто не сакам да имам 3 коли. Прашањето што себеси треба да си го одговрам е дали тие екстра 4-5 викедни и повремен живот „на село“, вредат да се чува овој тип на возило при рака и при тоа да може да се корсит за одмор низ регионов без да паднат мртви сите што позади ќе треба да издржат тура 500- 600 км во еден ден. Ако одберам ќе треба да ми биде и дејли драјвер кога ќе треба сите петорица да се возиме во него.
Јас бев позитивно изненаден од возењето на Навара во Скопје. Немаше некој проблем. Секако со соодветни сензори и камера позади, бидејќи нема никаква прегледност позади при паркирање. А со Canopy кое се разбира дека е најважниот додаток на вакво возило во реалниот свет, ќе е уште поизразено.
Имено Амарокот мене ми е напорен за возење по кривулести асфалтирани патчиња, како на пример накај Козјак. Се чувствувам доста психички уморен заради пресметките кои мора да ги врши мозокот на секоја кривина.
Кај Л200 Toyo пикапот проблемот претставуваше моќноста. Возилото имаше сериозен недостаток на моќ. Дали заради гумите, или до што беше проблемот неможам да кажам. Но, на угорница се мачеше 60-70 да крене кога одевме на Шар Планина. А на автопат ако не се лажам успеа да крене 130кмч. Иако има над 170кс, ако не се лажам. Тука ми се разјасни желбата на Американците за V8 supercharged во вакво возило, бидејќи навистина „одат тие коњски сили во ветер“.
Пак ќе се навратам на Canopy, бидејќи овие навистина немаат место ни торбичка каде да ставиш освен на седиште. За се треба да ставаш позади. А позади е отворено, така да и да ставиш, неможеш да „оставиш“. Согласно тоа и препораката за задолжително да се планира во цената на возилото.
Незнам како е ценовната категорија, но ако веќе размислувам за „село“ тогаш Jeep Wrangler е многу поочигледна опција.