Има ли сега некоја разлика од кога го тргна дпф-от.
Инаку да има фабричка маана на амортизерите на Астра ј, мојата има 163000 и имав тропкање иако амортизерите беа на 100% на технички а и визуелно немаа никаква луфта кога беа извадени, ги сменив лагерите комплет со буферите и сега остана ситно тропкање кога температурата е под 10-15 степени и тоа само на градска , а кога се вози на отворено не се приметува воопшто. Најверојатно е до амортизерите во овластен ми кажаа дека наводно некое клипче внатре од ладното попуштало
Има разлика секако, на ладен мотор како свирче во издув да ставил мајсторот после среќа се смирува а внатре не се слуша, денски дим нема но навечер кога вози некој позади мене и да стиснам повеќе на гаста се гледа дека дими малку, без светла позади не би приметил и секако ако поработи во место некое време се осека мирис за разлика од претходно ништо. Во глобала све е негативно по вадење дпф али сеа раат сум.
Туку коа запнавте за ремап има ли некој тука искуство со racechip? Ми изгледаат на сериозна фирма и најпримамлива понуда мие што со најслабиот ремап се добиваат 20кс, не би одел на вадење максимум некако не верувам дека моторов трпи многу оптеретување.
Друга работа е што има уред кој доколку нешто не функционира како што треба или се случи нешто од самиот ремап го вадам уредот и колата е одма назад на фабрички подесувања.
Е сега не мие јасно дали би функционирало поради извадениот дпф да не се деси да го активира па да има огномет, има некој инфо околу тоа?