Чисто мал апдејт на темава. Земав 508ца фејслифт од 2014 со 1.6 мотор.
Како човек кој доаѓа од пасат со 2.0 сум пријатно изненаден од колава.
Ептен ми е тазе ама дефинитивно можам да кажам дека има многу убава вожња, ко бубрег у лој се осеќам.
Потрома е од пасатот (послаб мотор) ама доста е жив моторов и лесно ми забрзува без некоја мака.
Менувачот е рачен и многу добро се ракува - путер.
За разлика од пасатот ептен приметливо е дека не пазеле на детали французиве како надвор така и внатре, што ме чуди јер бар за тоа се познати.
Ентериерот е прекрасен, се е гумирано ама многу малку простор за оставање ствари низ кола. Рецимо немам телефон каде да оставам. Нема каде ситни пари да ставам (железарија)
За капхолдери да не ни почнувам со несречниот избор на поставеност.
Како и да е колата сега за сега ме бендисува и едвај чекам да затерам накај Чешка малку да ја осетам на дугачка вожња.
А да, умало да заборавам - прекрасни седишта, полуспортски со лумбалго, а позади милина за спиење (јес да беше после 5-6 пива
)