До утре може да разговараме за разлики во гледишта и размислувања.
Не е проблемот во тоа. Проблемот е кога непазарно се наметнува нешто, проблемот е во немање избор во однос на скапи и глупави решенија.
Не ти се допаѓа нешто?
- Ако е евтино и ако доаѓа по дифолт, едноставно не го користи, нема проблем.
- Ама ако е скапо а доаѓа по дифолт, и мораш на секое едно влагање во кола да кликаш по менија за да го исклучиш - и истото да мора да го правиш секое едно седнување да возиш - е тогаш имаме проблем. Ти наметнуваат нешто што реално нема влијание ни по безбедност, ни по „квалитет на живот“ (удобност), и мора да се нервираш со исклучување, и плаќање скапи поправки.
Старт/стоп треба да е опција. Па ко воли нек изволи (и за неколку години ќе го снема како опција пошто огромен дел од возачите нема да одбират да доплатат за таква глупост). Тоа е пазарна логика, нешто што вреди ќе биде барано и плаќано, нешто што е глупост ќе биде игнорирано.