Автор Тема: Правна помош - Возило  (Прочитано 7381 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10124
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #15 на: 17 Март 2021, 08:44:23 am »
Мене единствено што ми боде очи е што на банката и требале дури 13 години да ангажира извршител за да си го "наплати" кредитот.
Друго што ми е чудно, како е прифатено автомобил да биде предмет на залог за кредит ако не е автомобилски кредитот кој патем мислам дека најдолг рок на отплата беше на 84 рати.
После 13 години вредноста на залогот е сторена пепел и прашина :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43372
  • Il Moderatore
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #16 на: 17 Март 2021, 08:55:14 am »
Баш... Не се офајдиле многу со заплената...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6094
  • 69
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #17 на: 17 Март 2021, 08:59:34 am »
Во ваков случај, секој може да направи дубара а притоа да не одговара....Ја заложуваш колата, зимаш пари, ја продаваш, после неколку години им ја одземаат на сопствениците. Освен они да те тужат приватно, нема друг механизам да си ги вратиш парите.
Ова само во Танганика и во Северна може да се случува....
Ебаниот ебан, тепаниот тепан.

btw, во купопродажен договор стои член дека возилото не е под закуп или залог. Во спротивно си одговара продавачот.
И извршители не можат да одземат законски предмет ако тој е на друго име за кој има валиден документ. Освен ако возилото не било преведено и се водело на име на првиот сопственик.
Многу чудна околност....
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #18 на: 17 Март 2021, 09:01:07 am »
во купопродажен договор стои член дека возилото не е под закуп или залог. Во спротивно си одговара продавачот.
Мислам дека е кристално јасно ова.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5978
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #19 на: 17 Март 2021, 09:10:38 am »
И да не стои, пак одговара.

Само треба некој да ја потера работата.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43372
  • Il Moderatore
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #20 на: 17 Март 2021, 09:27:22 am »
во купопродажен договор стои член дека возилото не е под закуп или залог. Во спротивно си одговара продавачот.
Мислам дека е кристално јасно ова.
Па тука е дубарата, излажал тој што продавал. Затоа реков на почеток дека ќе мора со приватна тужба против продавачот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6968
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #21 на: 17 Март 2021, 09:44:49 am »
За жал, некогаш од возбуда, некогаш од наивност, некогаш од "абе шо ќе речат за мене" за ситни пари се изложуваме на ризик.
Проверката во Заложен регистер е смешна цена, не повеќе од 200 ден мислам. Не сум сигурен дали може онлајн, така на сите би олеснило.
Очигледно е дека треба законски измени во поглед на тоа, секој" товар" на возило да треба да се впише во соо раќајна дозвола. Како во Катастар за имот.
Обилно во договорите стои дека продавачот одговара во целост за вакви работи ама се џависи од тоа кков договор е склучен. Јас лично сум ставал и клаузула дека колата нема скриени маани.

За жал тука нема, кко што сѓе кажале многупати, држава. Што е крив купувачот што банката спиела со наплата на долгот. Друго не ми е јасно како банка дала кредит врз основа на залог?!? Банката дава автомобилски кредит ама најчесто оди на лизинг?!? Дали навистина пробале од жирантите да наплатат?!? И за крај, самоволието на извршителот.
Како за се, се е по закон шефе.

Да сме држава, а не сме, до сега ќе имаше сериозни санкции од банката до извршителот. Продавачот кривична за измама.

За жал, треба да се внимава за секој потпис што го става човек некаде. Кога државата и институциите, што ги плаќаме, не се грижат за нас.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5978
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #22 на: 17 Март 2021, 10:40:03 am »

Не мешај. Залог на подвижна ствар и лизинг се различни работи.

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6968
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #23 на: 17 Март 2021, 16:45:07 pm »
Јас само кажав дека банките мн ретко даваат кредит врз основа на залог-кола. Најчесто е тоа лизинг.
Имало случај каде банка не давала кредит на основа џалог од акции од истата банка.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2610
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #24 на: 18 Март 2021, 00:57:08 am »
предмет што е под хипотека или залог, мислам дека не ни смее да биде предмет на купопродажба. Би требало нотарите веќе да имаат податоци за таквиот предмет и да не прават договори воопшто. Ама ете кај нас треба сам да си го провериш тоа.
Како и да е, во овој случај многу работи ми се сомнителни. самиот факт што поминале 13 год. !? нешто не штима баш

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #25 на: 18 Март 2021, 01:35:50 am »
Абе реков јас соголување до кожа на суд, со тие пари две нови коли ќе си купи чоекот.

Присутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8090
  • Малерозен дрводарец
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #26 на: 18 Март 2021, 02:48:09 am »
предмет што е под хипотека или залог, мислам дека не ни смее да биде предмет на купопродажба. Би требало нотарите веќе да имаат податоци за таквиот предмет и да не прават договори воопшто. Ама ете кај нас треба сам да си го провериш тоа.

"Претходниот сопственик имал подигнато потрошувачки кредит и возилото го дал под хипотека за кредитот(ова не го знаеле и не провериле при купување)."

Токму така.
Нотарот усрал.
Ако се бара виновник, токму нотарот е законски одговорен.
Сите други - извршители, полицајци, само си ја вршеле својата работа.

Нотарот, од друга страна, не ја завршил својата работа како што треба.
Усрал, де.
Потлачени!

Џаба радите, нече вас платити!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5978
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #27 на: 18 Март 2021, 06:32:15 am »
@brm brm

Да де, нотарот треба сВе да знае и нотарот треба да располага со сите информации, а кога одите да префрлате возило, заверувате по еден примерок од договорот, за 300,00 денари, многу ви се 600,00, за секоја договорна страна по еден, како и што треба да биде.

Секое приклучување кон систем на информации од страна на еден субјект што до сега немал контакт со истиот, е изложено на многу, многу трошоци. Така и за нотарите, кои секое приспособување да работат на систем на катастар, на централен и сл. го плаќаат. Што со надоместоци, што со обуки, што со месечни, што со годишни трошоци...

По твое, нотарот треба да има пристап и во системот на МВР и во системот на Централен? Е ОК бате, ама за 300,00 денари таа работа не е можна.

@loopz

Не е така.

Прво - хипотека на движна ствар не постои. Тоа се вика рачен залог. Хипотека е кога се заложува недвижна ствар. Гледам доста од вас го користите, па да разјасниме.

Друго - за разлика од залогот на недвижна ствар, т.е. хипотеката, која се запишува во јавните книги, а со тоа и во имотниот лист, е обврска на нотарот да му предочи на купувачот дека постои, нo не и да го одвраќа од намерата да ја купи таа недвижност со товар. Додека кај возилата (еве, ради муабетов, да ги поистоветиме имотниот лист и сообраќајната, едната како доказ за сопственост на недвижност, другата исправа како доказ за сопственост на движна ствар), во сообраќајната, товар, т.е. залог врз возилото не се прибележува.

Едини кабает на нотарот во овој случај може (но не мора да му биде) бил да ги подучи да си проверат во Заложен регистар при Централен регистар дали постои товар на тоа возило. Ама, имајќи во предвид дека цели пет години работев на оваа проблематика, некогаш е подобро да ги оставиш луѓето да се дават или да се изгорат, пошто јас знам колку пати ме пцуеле за тие 200-300 денари што ги даваат како надомест за проверка дали возилото е заложено, со чест на исклучоци (а и тие исклучоци беа благодарни, пошто кај некои возила постоеше залог, инаку и тие ќе ме пцуеја).

И да, би го променил тоа, баш исто како и во имотните листови - секој залог на кола да се запишува во сообраќајна. Нова сообраќајна е 200,00 денари, нов имотен лист 180,00. И кај имотниот лист кога бришеш товар, вадиш нов, чист.

Зошто не би вадел нова, чиста сообраќајна, со избришан залог?
« Последно менување: 18 Март 2021, 08:10:25 am Diesel »

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #28 на: 18 Март 2021, 07:28:49 am »
Абе реков јас соголување до кожа на суд, со тие пари две нови коли ќе си купи чоекот.

Kого да го тужи?
Ако го тужи продавачот на колата, банката со полиција и извршители ништо не можеа да му земат 13 години, сега џабе само ќе се малтретираат по адвокати и судови.

Ама ако можат банката, е тука има пари.  :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43372
  • Il Moderatore
Одг: Правна помош - Возило
« Одговори #29 на: 18 Март 2021, 08:20:50 am »

Нотарот, од друга страна, не ја завршил својата работа како што треба.
Усрал, де.

Нотар во суштина ќе ти завери све што сакаш. Договор за 5кг кокаин, и тоа ќе ти го завери.... Затоа тука улетаа адвокати за поголеми суми у последно време. За да има некаква правна заштита за договорувачите. Така да, нотарот не усрал, заверил тоа што му дале. „Верно на оригиналот“