Автор Тема: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive  (Прочитано 29849 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« на: 05 Март 2021, 11:14:55 am »
Полото е заменето со ова – Suzuki Splash 1.2 од 2008 година, со прва регистрација во 2009 година. Exclusive ниво на опрема (во тој момент, за ова возило, највисоко ниво на опрема).































Има поминато ~117.000 километри, кои судејќи по ентериерот, педалите, целокупното стање на возилото, подвозјето, работата на моторот, целокупната оригинална документација и уредно пополнуваната сервисна книшка, се реални, на мое задоволство. Мислам и дека акумулаторот е оригиналниот, ама не сум сигурен. Броевите на шасијата и на моторот се поклопуваат со оние од оригиналната фактура и сервисната книшка. Сите стакла ги имаат истите ознаки.

Опремата е следна:
- Мануелен клима уред
- Серво
- Борд компјутер
- Кожен волан
- Команди на волан
- Волан подесив по висина
- Предни седишта подесиви по висина
- Централно заклучување со далечинско (на прво притискање на копчето, се отклучува само возачката врата, на второ останатите четири)
- Радио CD со MP3
- Електрика на предни стакла и ретровизори
- Греење на ретровизори
- Магленки
- Фабрички тонирани задни стакла
- Подесива брзина на бришачи
- Држач за наочари
- ABS
- ESP (или по на Сузуки, TCSS)
- Алуминиумски фелни, 15-инчни
- Фарови подесиви по висина
- Фејк индикатор за алармен систем
- и сигурно нешто имам пропуштено, али не е крупно, сигурно.

Моторот е 1.2 VVT, 63 kW или 85 КС, на ланче. Премногу е тивок, на отворена хауба, што едвај и ланчето се слуша. На затворена, веќе треба да се напрегнам да го слушнам, пошто има изолација под хауба. За потребите за кое е купено возилото, ова е и повеќе од доволно. Сака повисоки вртежи – едно пошто некако летаргично ми делува, нема инстант забрзување, и друго, пошто е тивок, слободно се врти на 3.5-4 илјади вртежи пред менување на брзина. На враќање, на автопат, пробав до 140 km/h. Се слуша само ветерот. Моторот многу малку. По борд, на отворено, покажуваше од 4.5 до 6.5 потрошња. Просечна, откако е земена, залепена е за 6.0, иако се вози исклучиво градска. Ќе мерам на полн резервоар (45 литри), да видиме колку навистина троши.

А, да, нема мерач за температура на моторот. Ќе се навикнам.

Менувачот е 5 брзински, мануелен. Повисоко е поставен, за разлика од коливе кои ги возиме. Некако куплунгот е доста тежок, но нема проблеми при менување на брзини. Претпоставувам тоа се должи на механичкиот куплунг, кој е на сајла (!). Брзините имаат краток од, прецизно менува. Чувството, а и звукот при прешалтување, најмногу ме потсеќа на репетирање на некоја пушка. Гаста, on the other hand, е преосетлива, што некако не ми се сложува добро со куплунгот. Но, добра работа е што е ствар на навика, и веќе “ми легна”.

Кочниците се одлични. Со исклучено ESP, некако пожива ми е колата (а може и да е плацебо, пошто немам возено толку многу коли со вклучено и исклучено ESP, за да споредам).

Возењето е круто, borderline неудобно. Нема изразити крцкања, тропања и слично, ама онака возењето ќе сака навикнување. Не е толку тврдо, колку што е стегнато, типично јапански. Возачката позиција е доста висока, шалт-таблата е предолга, а хауба не се гледа напред. Педалите за куплунг и кочница, и кочница-гас не се еднакво оддалечени. Првите имаат одлично растојание, ама кај кочница-гас, знам и наеднаш да ги притиснам и двете кога кочам. Додуше, имам голема и широка нога, така да, и ова ќе биде ствар на навика. Задните седишта се ставени колку да има задни седишта. Не се посебно удобни, ама не се ни неудобни. Средина. Наслоните за глава се многу ниско поставени, и мора да бидат дигнати скроз, за да се потпре човек на грб. Тоа се решава, ама притоа се губи видливоста на задното стакло, кое и онака е премало. Пошто е повисока од колите на кои сум навикнат, секое разминување со камион или мал ветер е ролеркостер. Стабилноста во кривините е questionable. По документи се води како “AC-KOMBI”.

Простор во кабината, изузев гепекот, има на претек. Дома сме сите крупни луѓе, а и во Полото и во Астрата, беше и е “тргни ја ногата, да прешалтам” и “ќе влезеш напред прво ти, па јас, да не се удриме”. Не се допираме со рамењата, за промена. Висок сум 194 cm, а простор над главата до кровот имам минимум уште 15 сантими. Назад е 90% рамен под, што дава некоја слика на комоција назад. Не сум се возел уште назад. Места за ситници има, ама мислам дека можело подобро, бар уште малку. Материјалите не се нешто претерано квалитетни, али за тоа мислам дека компензира квалитетот на изработка. Има некое крцкање од тапацирот на возачката врата, ама ту-га-има, ту-га-нема, аџанак-баџанак.

Гепекот. Ах, гепекот. Едини компромис кој мораше да се направи е гепекот. Мораше, пошто што сВе се изнагледав, каков отпад се продава низ државичкава за баснословни цени, имајќи ги во предвид сите факти за ова конкретно возило и комплетната слика и состојба, беше логична одлука. Додуша, има два “спрата”, “фази”, “етапи”, како и да се вика. Најдоле, стои резервниот точак, 14-инчен, нечепнат, со оригиналната Ханкук Оптимо гума од 2008, на која стојат и ознаките на нагазниот слој. Над него, има една како пластична рамка, тука стои дигалката и клучот, кои исто така не се чепнати, и празен простор од околу 70% од самиот гепек горе. Тука напикав се од задолжителна опрема, при што горе останува празен простор комплет, и мислам дека е доволен. Предност тука е што при спуштање на задната клупа, седиштата се вовелкуваат надоле и навнатре, и се прави “рамен под”. 178 литри декларирани со дигнати седишта, 1050 со спуштени. Со спуштени седишта, и визуелно за товарање просторот е масивен.

Состојбата на возилото, внатре. Речиси и да нема знаци на користење. Јас сум по природа цепидлака, така да ситуацијата е таа. Нема излижано ниту едно копче, не се излижани педалите, воланот на Астрата (гумен) е пооштетен од овој кожен, возачкото седиште е помалку деформирано од она на Астрата... На две места е излупен само амблемот на воланот, и амблемот на клучот. Се, буквално СЕ работи внатре. Климата лади одлично. Кровот е бел, не се одлепува. Едино, рачката од менувачот е гумена и е испукана, ама нарачана е нова.

Состојба на возилото, надвор. Можам да кажам дека, со оглед на годините и со оглед на тоа што не е одржувана од мене, е во одлична состојба. Има свирлови и холограми, ама има и Астрата. Гребаници има, на двата ретровизори на исто место, под капачката од резервоарот, на браниците нешто ситно и задното десно тркало, како најосетливо. Знаци на поголем удес сеуште не сум нашол. А барав. Хаубата “рипа” на отварање, нема скршени држачи, нема р’ѓа, нема “shades of gray”. Шарките се со еднакво растојание, сите, низ цела кола. Дојде со зимски гуми Nankang, 185/60-R15, 2019-та, со шара од ~6 mm. Шофершајбната има две “точки”, ама мислам дека нема да се шират. Ќе видиме.

Што и фали на колата? Прво, рачката од менувачот. Нарачана од Миркат, 1600 денари. Второ, држачот за шипката од хауба, кога е спуштена што ја држи, скршен е. 50 денари. Куќиштето, односно заштитната пластика за едно од сијаличките за табличките. Си функционира, ама пошто не се продава само пластиката, нарачана комплет од Миркат исто, 1100 денари. Резервен клуч. Сакам да го направам ист како оригиналниот, по форма, со централно, со даљинско, со се. ПК каиши (два има), треба да се заменат. Тоа се првичните, а и едниствени инвестиции околу колата, за да биде “салон”. Околу 100-120 евра. Е сега, ќе треба и челични фелни (4х100, познато ми е) и летни гуми, ама о-том-по-том.



Веднаш заменето уљето и сите филтри...





- Масло MANNOL Energy Formula JP 7914 SAE 5W-30, 4 литри, по цена од 1.300,00 денари
- Филтер за масло Comline CDH11631, по цена од 300,00 денари
- Филтер за воздух Comline EAF755, по цена од 400,00 денари
- Филтер за полен Comline EKF296, по цена од 450,00 денари
- Батерија за даљинското од централното Renata CR1620, 100,00 денари, и
- Работна рака, 300,00 денари.

Вкупно, 2.850,00 денари.

Се на се, јас сум ПРЕ-ЗА-ДО-ВО-ЛЕН како испадна се. Полото се продаде за 10 минути по огласувањето. Само два дена се потрошени во потрага по ново возило, што е супер. Ама, што се се изнагледав, мајко мила.

Ај вака, набрзина – изборот се сведе на Корса Д, Гранде Пунто и Фиеста (шеста генерација). Критериуми беа што е можно повисоко ниво на опрема, поново годише, бензин и се разбира, состојбата на возилото.

Прв ден, Богданци, директно за Прилеп. 2007-ма, Корса Д, 1.2 бензин, со бааги опрема, купена од тука, демек зачувана, втор сопственик. И плин. Ај, плинот секако ќе го вадев, ако беше се во ред со колата. Цена, 3300. Штооо, кога отидов таму... Надворешно, беше во очајна состојба. До толку, што не ја ни отворив да видам внатре како е. Повозрасен господин продаваше, ама многу му се брзаше, печел ракија. Викам, многу брате надворешно утепана...? Ми вика ај плати ја 4000, ќе ја исфарбам јас за 250 евра. ОК, фала, пријатно.

Прилеп-Кавадарци. Suzuki Ignis, не обратив пажња, моите сакаа да го видат. Дизел беше, мислам.

Каварадци-Скопје. По плацевите таму, Лисиче (Милано, Берн, курац-палац)... А бе, една салам кола да имаше. Една. А цените, 3600, 3700, 4000. Баталивме тие.

Сузуки Свифт, како последно за денот. Портокалов, без клима, ама со многу, многу лош мирис внатре. Негде 2800 и бараа.

Скопје-Велес. Корса Д, бела, 1.0 бензин, 2007. На работа бил продавачот, не може да ја видиме. Ама, и нејќеше да каже каде е паркирана, пошто ќе ја најдев, велешки зет сум. Не сакал без него да ја гледаме. 3100 и бараше.

Велес-Богданци. Цирка 600 километри, првиот ден.

Втор ден. Богданци-Велес. Корса Д, тегет, 2010, 1.2 бензин чист, многу, многу опрема. Ми се развикаа уште од сабајле од дома, да не цепидлачам многу, пошто како мене некој што одржува кола нема да најдам, а со тоа и таква кола (а најдов подоцна, ги заебав :D). Добро, им викам, па на крај, вие ќе ја возите. Одиме таму, врска нема со сликите. Ваму чукната, таму гребната, внатре смрди, кровот кафен станат од гнаса, копче фали, таблата на гепекот скршена, нема алат позади... 3700. Ајде викам, 2010 е, ќе ја провозам, па ќе видам. 1.2 Екотек Твинпорт, ист како мојот, само помала зафатнина. Знам точно што да очекувам. Запали супер, немаше чудни звуци. Ја провозав, и за волја на вистината, возеше одлично. Кочниците беа добри. Се враќам, и си викам “ај, ќе средуваш што не ти е по ќеф”. Паркирам, да го пазарам бар 200 евра помалку, слушам позади на ауспух некое сецкање. Отворам хауба, моторот “скока”, во лер, загреан. Пошто имам искуство со misfire, знам како изгледа. Ја закачуваме на ОБД2, вика misfire на втор цилиндар. Ај, викам, со среќа. Одам позади, ставам една салфетка на ауспухот, ја шмука и ја пушта, ја шмука, ја пушта. Што даље имплицира на изгорен вентил и губење на компресија. Додуше, продавачот не беше настојчив, прво викаше свеќица е, па бобина... Викам ОК, ај да тркнеме свеќици да купиме. Ако не се? Бобина е му викам 100 евра. Не е, посебно се сите четири. Не се, му викам, сите четири, се in line. Се изнервирав, му се заблагодарив и пријатно.

Седнав во кола, наредно ми беше за гледање Фиеста 2009, убава, со опрема, трула вишна боја, во Кочани. Ај викам да ѕирнам да не има некој нов оглас тука во близина, пред да заминеме. Излезе Сузукиво, му ѕвонам на продавачот, не крева. Лелеее, си викам, у пм. Вртам низ огласите пак, гледам се веќе гледани, палам колата и да терам за Кочани. Викам, ај уште еднаш ќе му ѕвонам за Сузукито. Ѕвонам, ѕвони долго, пак не крева. Тамам да спуштам, се јави. Сиротиот, трета смена бил претходната вечер, спиел, 10 сабајле. Ај се најдовме, гледам, колата ме бендиса, цената одговара, супер дечко изгледа, моиве ги бендиса... Ајде, одиме да средуваме документи. Уз муабет, а бе од каде сте, што работите, му викам јас велешки зет сум, е за кого, му кажувам, а бе комшии ми се тие... Испадна познат, наш човек ептен. Тешка педантерија, како мене. Работи обезбедување негде, и вака по една кола купува, ја средува и ја продава за ќар. Кога одиме кај нејзините на сопругата, стално сум приметувал на исто место се различни коли паркирани, или со ЦОЛ табли или без. Сите коли – стакло на изглед. Минимум гребаници, речиси ништо. Стално и викав на сопругата “овие коли кој ги носи и ги препродава, алал да му е”. Стално ми викаше “комшија ни е тука, подоле живее”.

Исто и тој, ми ја загледувал Астрата паркирана, и викал дека се гледа домаќински одржувана кола. Ко ќе се најдат двајца матуфи... :D

Мал е светот.

Уште накратко за постапката, пошто колава беше со средени документи до регистрација. Нотар, па извадени пробни табли и осигурување, за до дома – 1500 комплет. Со комплетот документи (царинска декларација, тиф, хомологација, оригинални странски документи со преводи заверени и договор тука кај нас заверен), се оди на технички. Мине технички (btw, и таму немаа забелешки за колата, се помина со најдобри можни вредности на резултатите), средуваат документи, се оди во полиција, прават проверка на документите таму, па се прави проверка, онаа Интерпол што ја викаат. Бев во понеделникот сабајле, во средата околу 13.00 отидов да проверам, завршена беше постапката, се извадија сообраќајна и таблици и тоа е тоа.

Уште полномошно да ми дадат да ја возам. :D

Вчера, 8-9 саати потрошив на детално, мислам ДЕТАЛНО чистење внатре. Колата и онака беше чиста, ама ради дезинфекција во ова време, а и моја рака да фати, беше буквално се чепнато. До штрафче. Еве на што мислам...



Забелешка за теписонот. Има посебно место во пеколот за јапанацот кој одобрил користење на овој материјал за теписон. Не дека имав очекувања некои нереални, знаев дека квалитетот нема да е висок, ама толку беше лош и тежок за чистење, што сигурно потрошив 2-2.5 саати само на усисавање. Да зависи од мене, со закон би забранил употреба на ваков материјал во било која кола.

Тоа е тоа, сега за сега. Се извинувам за долгиот пост, ама таков сум јас, сакам се детално да опишам. Ќе му се најде на некого. Се надевам дека темава ќе биде “досадна”, и ќе пријавувам само козметика, редовни сервиси и регистрации, пошто од мајстори и дефеци ми е преку кур.

@Deni  закасни малку со продажбата на Фиестата негова. Инаку, сега кога гледам, би ми била ако не прв, секако многу блиску до прв избор, иако е дизел. Здравје. Нека ја земе некој, пошто верувам дека е одржувана и зачувана. А тоа ќе кошта малку повеќе од “просекот”. Ама, “просекот” од увоз е такво ѓубре, боклук, што останав без зборови. Не пропуштајте добри понуди на возила, со каква-таква историја и можност за проверка, пошто се ретки. Платете повеќе ако треба. Од искуство, свежо.

Морам да ја пофалам Астрата. 850 километри за два дена, во сите услови (отворено-градска), товарани до трт сите, гас “до даске” (ретко возам така, ама морав, да не губиме време). Не ги сети. 6 на 100 потрошња. Затоа и дебело ќе ја наградам деновиве. Ќе има повеќе во нејзината тема.

Overall, убави работи ми се дешаваат на автомобилски план последниов месец. Ќе споделам тука, ќе ви се бендиса. Многу.

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
  • хаУс мајстор
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #1 на: 05 Март 2021, 11:27:50 am »
Нека ви е со среќа бракот, да сте среќни и вечни! ;D
Со здравје да си ја возите, како што ја пазиш, така нека те служи!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #2 на: 05 Март 2021, 11:34:07 am »
Благодарам многу, само убавини да се враќаат.

Се надеваме на долга врска. И без многу турбуленции.

А за пазење, знаеш. Нема промашај.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10035
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #3 на: 05 Март 2021, 11:56:00 am »
Спомнав веќе некаде, концепциски многу слични возила со i10, Сплашот е малку поголем.
Куплугот е исто на сајла и е лесен, се гази без никаков напор.
Гаста е истотака осетлива, бара нежно газење (на тргнување).
Во лер не се слуша моторот, мислиш изгасена е колата (од внатре).
Е сега, за разлика од Сплашот лесно прима и на пониски вртежи, но затоа е побучна над 3.000 вртежи.

Верувај, откако ќе се навикнеш ќе ти влезе под кожа колку се лесно подвижни овие количиња, особено за низ град.

Со здравје да ве служи.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29057
    • CARclub.mk
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #4 на: 05 Март 2021, 12:27:59 pm »
Прекрасно мало градско количе! Со здравје да си го возите!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13469
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #5 на: 05 Март 2021, 12:37:04 pm »
Само што ги гледав сликите и кога ти ја видов кутијата пластична со дрангулии внатре, сфатив дека си тешка педантерија ;D и алал ти вера :D

Имаше среќа, 2 дена си барал, јас 2 месеци активно барав и ја прошарав цела Македонија и тоа со речиси дупло поголем буџет. Си имал доста среќа.

Си направил супер избор, да му е добра среќата и да ја изнавозите :)

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 166
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #6 на: 05 Март 2021, 12:38:37 pm »
Честито кола, со здравје да се вози

Одлично претставување на количето, си рамислувал ли да почнеш со пишување на романи, раскази

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #7 на: 05 Март 2021, 13:03:19 pm »
Спомнав веќе некаде, концепциски многу слични возила со i10, Сплашот е малку поголем.
Куплугот е исто на сајла и е лесен, се гази без никаков напор.
Гаста е истотака осетлива, бара нежно газење (на тргнување).
Во лер не се слуша моторот, мислиш изгасена е колата (од внатре).
Е сега, за разлика од Сплашот лесно прима и на пониски вртежи, но затоа е побучна над 3.000 вртежи.

Верувај, откако ќе се навикнеш ќе ти влезе под кожа колку се лесно подвижни овие количиња, особено за низ град.

Со здравје да ве служи.

Се навикнуваме.

Фала ти, се најдобро да се враќа.

Прекрасно мало градско количе! Со здравје да си го возите!

Ќе снимам едно видео од жмигавците, само за тебе. ;)

Само што ги гледав сликите и кога ти ја видов кутијата пластична со дрангулии внатре, сфатив дека си тешка педантерија ;D и алал ти вера :D

Имаше среќа, 2 дена си барал, јас 2 месеци активно барав и ја прошарав цела Македонија и тоа со речиси дупло поголем буџет. Си имал доста среќа.

Си направил супер избор, да му е добра среќата и да ја изнавозите :)

Тоа се само крпи за перење, од целодневната. Инаку, како бев распослан да ме видеше...

Не да имав среќа... Дури неверојатно. Али, супер, супер испадна.

Честито кола, со здравје да се вози

Одлично претставување на количето, си рамислувал ли да почнеш со пишување на романи, раскази

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk



Благодарам.

Ме дупиш или...?

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1308
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #8 на: 05 Март 2021, 13:11:22 pm »
Со среќа нека е Сузи. Не те дупи, јас до пола стигнав и се откажав. Извини... 😂

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #9 на: 05 Март 2021, 13:19:24 pm »
Зуки, не Сузи. :D

Фала лепо.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29057
    • CARclub.mk
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #10 на: 05 Март 2021, 13:28:44 pm »
Ќе снимам едно видео од жмигавците, само за тебе. ;)

Плинк-плонк, плинк-плонк, плинк-плонк, плинк-плонк, плинк-плонк, плинк-плонк... ;D

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5399
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #11 на: 05 Март 2021, 13:47:28 pm »
Cestito kolice i mnogu bezgrizni kilometri.
I jasum veleski zet ama od veles kuce vrzano za drvo ne se zima ne pa zena a pogotovo ne kola :)
I dedovo kaj sto sedi ima eden nosi koli bas mu gi parkira pred kukja ama ovoj kako da nosi od nekoj otpad mnogupati sum gi zagleduval ama epten arabat mu se.
Bitno ti prai kjef suzukito praj servis i damu se iznavozis
« Последно менување: 05 Март 2021, 16:20:26 pm Vlatce-Vectra »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10035
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #12 на: 05 Март 2021, 14:00:39 pm »
Де бре, што сторивте?
Од Делчево не, од Паланка не, од Кочани не, од Велес не, од кој град останува да се земе ;D

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
  • хаУс мајстор
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #13 на: 05 Март 2021, 14:03:23 pm »
Од СК, пошто најблиску е до СН.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #14 на: 05 Март 2021, 14:23:31 pm »
Cestito kolice i mnogu bezgrizni kilometri.
I jasum veleski zet ama od veles kuce vrzano za drvo ne se zima ne pa zena a pogotovo ne kola :)
I dedovo kaj sto sedi ima eden nosi koli bas mu gi parkira pred kukja ama ovoj kako da nosi od nekoj otpad mnogupati sum gi zagleduval ama epteb arabat mu se.
Bitno ti prai kjef suzukito praj servis i damu se iznavozis

Од коа земавме жени, лесно е сега да лаеме дека куче не се зема.

:D