Тоа мене ме фрустрира. Знам дека децава растат многу брзо и дека детството еднаш се случува и проаѓа а сепак се помалку и помалку време останува за нив. Веќе си се лутам себе си, што времето го поминувам во работа наместо во кулирање и играње. Ама пак ако не работам пари од каде? Сака на шетање во природа, сака играчки, јадење-пиење, облекување, утре ќе сака на англиски да оди, компјутери да учи (ајде за ова ќе заштедиме), на пливање ќе сака да оди, технологија ќе сака, кола ќе сака... крај нема.
Томи, не знам што да те советувам друже. Ако си направиш дете си постигнал 90% од целта во животот, кеифот си го направил, родителите си ги задоволил. Ама после нема веќе играчки, ова-она. После тоа ако си го направил живееш за него. Се друго ти е секундарен приоритет, а децава знаат да бидат захтевни. Еве јас на пример не сум отишол на терен со астрономите преку две години (освен тогаш кога бевме за метеорите и тоа отидов сам). Графичка не сум сменил две години, а што ќе мењам кога џабе ќе биде...