Сменете се со местата, па ќе правиме муабет. Да видите како е да си на работа 18 саати од кои 10 саати на операција, па ти се јавува некоја амеба политичка која ти наредува да се појавиш на работа за да го оперираш тој и тој. Да не зборам за секојдневни закани, уцени итн. Најдобар да си во душа, ќе колабираш за 1 год. Истовремено, да немаш каде да седнеш пола саат да се соземеш, стоплиш, пошо по клиникиве шетаат сите инсекти, да се куцаш кога си дошол и отишол зошто некој идиот само тоа му е поим за менаџирање, додека некоја мочла/мочко седи во некоја тазе изградена административна зграда и мисли дека е бог зошто во раката го држи светиот и печат за заверка на документ.
Како и во сите професии, националности, религии, раси секогаш постојат луѓе и нелуѓе. Тоа не се менува.