Ај, коа веќе мора...
1. Гледај лесно да се монтираат и демонтираат и тоа да може и жена ти да го праи.
2. Гледај да не бидат премали, иако пишува таму до 36кг, може да не го собира ако е сучка со 36кг. Ако е буцко со 36кг, може да пројде.
3. Исофикс се супер лесни за местење, ама се супер скапи.
4. Гледај да може да се намести со глава напред, пошто во прво време е побезбедно таквото возење. Обично ова се коси со точка 2.
Јас користам две Chicco седишта, едното е
Chico Neptune Black Lebel, и барам уште едно (сакам да ми бидат исти седиштата),
А другото е
некоја постара верзија на ова. Има реклајнер, има можност за обратно местење.
Второто е подобро за помали деца, до кај 2,5-3 години (не се разбирам у килограми), а првото е подобро за поголеми деца. Исто така, првото може да се раздвои долниот дел, и да се користи само подметачот за поголеми и потешки деца, кои ќе се врзуваат со појас.