Апропо детско седиште и моето скромно искуство:
Како што пишав тука...
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,17507.msg827092.html#msg827092...ние се одлучивме за Recaro Young Sport Hero, кое (првично) чинеше 19,000.00 денари. Велам првично. Во однос на цената, сметам дека е нонсенс идентичен производ, со речиси идентични давачки, да чини речиси 40% повеќе од околните земји (а 200 EUR во Германија). Без разлика колку е висока киријата на продавницата во Skopje City Mall.
Сепак, со некоја комбинација на попусти, седиштето ме чинеше 14,200.00 денари, што веќе беше поприфатливо, па на крајот го земавме локално. На ова треба да се додаде и заштитната подлога за седиште од екокожа, која ја поставив под седиштето - базата на седиштето е изработена од зацврстена пластика, и не се согласува со кожените седишта на РС-от на подолг педиод ако се монтира директно.
Прицврстувањето е со појас на три точки, и тоа функционира прилично добро.
Предности:
1. Прилично е удобно, колку можеме да видиме. Царот си кулира, често заспива во него, и не се спушта надолу при заспивање.
2. Системот за прицврстување на детето има прилично голем од, и не е тешко да се најде комфорна, а сигурна, позиција.
3. Има дополнителна заштита за странични удари.
Недостатоци:
1. Речиси нема можност за навалување - внимание - ова е стандардно на речиси сите седишта од група ECE II/III. Колку што успеав да видам, recline е можност претежно кај ECE I, но тоа го ограничува рокот на користење. Една опција за да се реши ова е Recaro Optiafix, ама не можеше да се порача.
2. Како што пишуваат и во ADAC тестот, не легнува баш добро на секоја кола. Ова може да јави проблем како тресење и нестабилност - се решава со правилно поставување и малку подолготрајно чепкање - ние не го вадиме, така што ова не е проблем.
3. Ни се поти детето во него - иако според препораките, го сместуваме без јакна, во затоплено возило (поради поголема сигурност и поголем комфор), но потењето е неизбежно. Рекаро нудат некоја прекривка која треба да го реши ова, па ќе видиме. Забелешка - детето ни се потеше и во транспортерот - може е и до него.

Освен Рекарото, за кое веќе ги изнесов забелешките, солидна опција е и ова:
1. До 4 години:
https://www.adac.de/infotestrat/tests/kindersicherung/kindersitz-test/detail.aspx?KisiID=370&nc=True&info=BRITAX+R%C3%96MER+King+II+ATS2. Над 4 години:
https://www.adac.de/infotestrat/tests/kindersicherung/kindersitz-test/detail.aspx?KisiID=371&nc=True&info=BRITAX+R%C3%96MER+Kidfix+SL+SICT+(Isofix)
За жал, не знам дали има импортер на Britax во Македонија. Има во Бугарија.