Автор Тема: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look  (Прочитано 36163 пати)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« на: 01 Ноември 2020, 01:07:58 am »
Ја мерев чергата и не беше доволно долга нити за Brera, нити за 159 SW Ti, нити за Mercedes-Benz CLK 220 CDI. На чергата ме собираше мене, стан под кирија и најефтиното исправно возило што можев да го најдам.

Тука улета @t0m1cA како пратен од небесата и ми го понуди Пежовчето кое верно ги служело но веќе го одраснале. Бев, видов, провозив, оставив капар, и после мало задоцнување на автолакерот, потпишавме договор и сега сум горд сопственик на 2000 Peugeot 206 1.4i - 3 door со 249.000 километри (и јас се чудев како Пежо може да помине 249.000 километри, не си сам).

Слики од моментот кога колата стапна во двор:




Слики после детално перење, дитејлин на процепи и глинирање:




Нема да го тупам многу, зошто веќе го тупам со одржувањето, па еве кратка листа на работи што ми сметаа и ги сменив:
  • држачи на мотор и менувач
  • репарација на анласер (се случи еднаш да не пали, не ми се ризикуваше)
  • совозачки фар
  • даска/тапацир за гепек
  • гумени држачи за ауспух
  • лимитери на врати
  • гумени патосници заменети со теписонски
  • моторче за централно на гепек (за ова најдов финта, не го сменив)
Работи што сакам да ги адресирам во скоро време бидејќи, како самопрогласен ентузијаст, сакам возилата да ми се во најисправна состојба што може:
  • менување на сите гумени/движечки делови во предница
  • менување на сет ребраст, водна пумпа, линиски каиши и сите ролери
  • свети сијаличката за рачна, прекинувач/сензор за рачна
-----------------------------------------------------------------

Е, сега, интересниот дел. Колите што сум ги имал секогаш сум ги персонализирал некако. Кај Ксарата, тоа беа ветробраните. Кај 145ката, тоа беше QV изгледот.

Тука, ја имам целата слобода на светот. Таа слобода за мене значи создавање на еден вид на Rally/safari car tribute изглед, т.е. најдалеку што можам да одам во таа насока а колата се' уште да е корисна на секојдневна база.
Оваа насока на персонализација ми беше зацртана во глава и ќе беше реализирана без разлика на тоа која кола ќе ја купев, само ми се посреќи што Peugeot 206 е сама по себе рели легенда и имам многу фотографии од каде да влечам инспирација.

Листа на модификации кои ги планирав:
  • 2 или 4 кружни магленки во висина на хауба
  • калници на сите 4 тркала (најпрво обични, класични, подоцна 206 rally style mud flaps
  • фабрички кровни носачи (затоа што имам 3 точаци и точкарско друштво)
  • amber side marker lights (позициони + маркери)
  • 14" steelies, фарбани бели и дечките од SEE3D да ми испринтаат капачиња какви што има 106 Rallye
  • најголемите 14ки гуми што ги собира
  • и финално, кога ќе дојде време да се репарира трапот, lift kit за 3-5 цм.
До сега, благодарение на @AUUU, се снабдив со магленки и ги монтирав (електрична инсталација pending):



Во потрага сум по кровни носачи, оригинални за 206 со 3 врати. Пробав да упасирам од Saxo, но задниот носач не сакаше да стои. Најдов неколку сетови на Ebay во Германија ама логистички премногу замарање ќе биде.

Исто во потрага сум по калниците, ми кажаа дека во АутоЉидер имало универзални, па ќе пробам со нив за сега.

Енивеј, доста долг пост испадна, ќе се трудам да бидам што подетален во постирањето чисто ради дискусија и занимација.
« Последно менување: 22 Ноември 2020, 22:12:18 pm MartinAlfista »

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #1 на: 01 Ноември 2020, 03:37:49 am »
Со здравје да се вози. Интересна ти е замислава. Околу бандаживе, не знам дали од 106 рели се 13ки или 14ки. Во случај да се 14ки пробај побарај такви, иако знам дека се ретки, ама можеби ќе ти се посреќи...
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #2 на: 01 Ноември 2020, 07:54:59 am »
Со среќа проектот. Јас би ти препорачал прво да ја кренеш колку што мислиш било со пластични подлошки било со друго па после спрема тоа да се ориентираш на тркалата.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #3 на: 01 Ноември 2020, 08:32:18 am »
Честито пежо 😁.


Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #4 на: 01 Ноември 2020, 09:01:29 am »
Со здравје да се вози. Интересна ти е замислава. Околу бандаживе, не знам дали од 106 рели се 13ки или 14ки. Во случај да се 14ки пробај побарај такви, иако знам дека се ретки, ама можеби ќе ти се посреќи...

Фала ти, убавини да се враќаат!

14" се и се многу ретки и скапи, не вреди барем во моментов. :)

Со среќа проектот. Јас би ти препорачал прво да ја кренеш колку што мислиш било со пластични подлошки било со друго па после спрема тоа да се ориентираш на тркалата.

Во право си, тоа е правилен редослед на настаните. Подигнувањето мора да се прави при рапарација на заден трап, торзијата ја диктира висината позади. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #5 на: 01 Ноември 2020, 09:07:34 am »
Дали пасуваат 14ки, место дали има. Ако има не се мисли, и види што гуми може да се стават најудобни. Да си добие малку лезет колата.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #6 на: 01 Ноември 2020, 09:11:48 am »
Честито количево да си го напрајш по ќеф т.е колку дозволува чергата

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #7 на: 01 Ноември 2020, 09:12:04 am »
Со убаво да те служи!!!!

Убаво што си тргнал со математиката за чергата, се гледа дека си ја применил економијата во пракса и нема да правиш crowding out на финансискиот пазар :)

На технички не мрчат нешто околу магленките?

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #8 на: 01 Ноември 2020, 09:12:20 am »
Со здравје да си ја возиш !

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #9 на: 01 Ноември 2020, 09:22:10 am »
Со здравје да се вози!
New blood of old school

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #10 на: 01 Ноември 2020, 09:35:03 am »
Со здравје да си ја возиш уште еднаш!
Интересна замисла, супер ќе изгледа комплетно.
Не фрлај пари за каиши и вилушки море, немаат ни 5к км, преусмери средства за друго :D
Инсталација за магленки пендинг: имаш во браниците каде што треба да има магленки кабли спремни со џекови, така да можеш од таму да пуштиш развод.
За почеток офарбај ги челичните зимски бели, задните алу се со дистанцери од 10мм кои ги правев нахнадно, остави ги на челичните и таман малце ќе ги исфрли.
Напред не верувам повеќе од 195/65/14 да збере, позади ако ја кренеш ќе збере, 15киве ти се добар репер за колку простор има.
Задницата си знаеш, пази на трапот може да фаќа гумата, затоа и се правени дистанцерите, фабричките задни алу бандажи за него се со вграден дистанцер од 10мм.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #11 на: 01 Ноември 2020, 11:18:13 am »
Ako menuvas gumeni delovi od prednica, moja preporaka ti e kvalitetna reparacija.
Originalnite ne traat (barem porano ne be kvalitetni). Imav 206ka bas 2000god 1,4i.
Upornite sponite traat 10 do 15k. Rame smeniv na 20k.
Sledno menjavanje so reparaciia na 40k, i terase bez problem do 100k koga i ja prodadov seuste so ispravna prednica.
Promena vo amortizacija nemase.

Отсутен Rosso Corsa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #12 на: 01 Ноември 2020, 11:28:50 am »
Со здравје да се вози. Верувам дека доста ќе му се посветиш.

Само да те прашам. Што е ова
лимитери на врати? Да не отвараат многу или?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #13 на: 01 Ноември 2020, 11:33:43 am »
Граничници веројатно.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #14 на: 01 Ноември 2020, 14:23:10 pm »
Прво, фала ви на сите за честитките, да си купите што си сакате и што ви треба :)

...

Пасуваат, си добив и зимски сет од Томица, тој е на 14ки бандажи.

...

...

Чергата викаше да не се задолжувам со кредит (камата = загубени пари) за предмет што губи вредност (загубени пари).
За технички, следна година ќе ги извадам магленките за секој случај, иако во Гостивар на технички проверуваат кола само ако експлицитно им кажеш.

За ќеиф, ми прави ќеиф, затоа и ги правам овие работи ;D

...

Ми тропка нешто и лево и десно, само на свртен волан. Кога воланот е право, ништо не се слуша, камен е.

Иначе за другите работи, те верувам дека се сменети, ама мирна глава... Знаеш веќе, што да ти зборам ;D

...

Деловите се толку ефтини што веројатно ќе можам да си дозволам подобар производител и да не страдам финансиски :)

...

Граничници, да. Реткост е француско возило од овие генерации без граничници што крцкаат.