@Ivankocev Сосема е нормална потрошувачката на масло 1 л на 10.000, некои производители (а со тоа и овластени застапници и сервисери како Ауто Македонија) се заштитуваат со тоа како што кажа
@Silvester пропишуваат дека е нормално да троши и 1 л на 1000 км.
Кај тебе ми се нејасни неколку работи:
- Каде ја сервисираш(е) колата цело време, посебно периодот пред и кога ти се случи тоа со потрошувачката од 2 л на 10.000 км?
- Како масло си ставал во моторот?
Имаше многу поплаки од слабиот квалитет на ГМ маслото што се земаше преку Ауто Македонија, плус тоа, секое масло генерално почнува да ги губи својствата на изминати околу 7.000-8.000 км и почнува поосетно да се намалува нивото на маслото во моторот (така беше кај мене на Голфот и сега на Реното, бара досипување на некои 700-800 грама од сервис до сервис и поминати 10.000 км). Што помалку квалитетно масло, порано ќе ги губи својствата и ќе почне порано да се намалува нивото на истото во моторот.