Автор Тема: Toyota CH-R 1.8 Hybrid  (Прочитано 16080 пати)

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #75 на: 01 Септември 2022, 18:45:42 pm »
Направен редовен сервис на 21.680 км

  • Филтер масло - 650 ден
  • Масло 0-20 -  4750 ден
  • Диктунг штопна картер - 59.99 ден
  • Полен филтер - 2000 ден
  • Филтер за воздух - 1600 ден
  • Сервис А(20.000) - 1600 ден
  • ХХЦ (тест на хибрид систем) - 16 ден

Вкупно: 10.676 ден.

Има новост ме изгребаа на паркинг со клуч 5 цм под квака од шоферска страна, фаќа на нокт и спас е фарбање на цела врата...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54971
  • Махер
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #76 на: 01 Септември 2022, 19:10:57 pm »
Ефтина штопната, а градацијата на маслото од мерак со лажица да пивнеш...

Те заклале на тестот за хибриден систем, дупло ти го наплатиле.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5537
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #77 на: 01 Септември 2022, 21:29:45 pm »
Да ја упоропастиш цела фабричка боја на  врата со префарбување заради 5цм шо може да се замаскираат пажљиво, алал нека ти е.

Sent from my SM-A202F using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5185
  • Пиши лаже
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #78 на: 02 Септември 2022, 00:36:08 am »
Абре само у гз еб**ње треба за тие мрши...
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен grandemiki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 273
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #79 на: 28 Декември 2022, 22:00:34 pm »
Незнам колку е точно тоа што ми го зборуваат... демек ако возиш до 50 км на час сето тоа било на струја... Колку км може да се поминува на струја со колава? ако се користи само низ град до 50 значи нема ич да троши бенз?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34090
  • Таков е животот... јебига
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #80 на: 28 Декември 2022, 22:37:58 pm »
Незнам колку е точно тоа што ми го зборуваат... демек ако возиш до 50 км на час сето тоа било на струја... Колку км може да се поминува на струја со колава? ако се користи само низ град до 50 значи нема ич да троши бенз?
Не е точно тоа за ниту еден хибрид. Тие што зборуваат немаат поима. Тојотите имаат многу мали батерии, само на струја нема да возат повеќе од 45 секунди и тоа при лесни оптеретувања.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54971
  • Махер
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #81 на: 29 Декември 2022, 14:24:10 pm »
Таа фасцинација „до 50, до 70 до штоебитно“ е многу интересна. Како во камен да го исклесал некој. Кај го пишале кај се запустиле.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5030
  • The Spartan General
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #82 на: 29 Декември 2022, 14:41:20 pm »
Јас со мојата имам возено 130км/ч комплетно на струја. Над 130 дури и да возиш на струја, бензинскиот мотор е запален.



Случајно сум го снимил моментот под/над 130км/х на брзиномер и вклучувањето на EV Mode и возење на струја.




пс. @Tischläufer Дури и на видеото возам повеќе од 45 секунди на струја.  ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34090
  • Таков е животот... јебига
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #83 на: 30 Декември 2022, 01:10:28 am »
Да бе низбрдо, и баба ми вози на струја ;D

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #84 на: 30 Декември 2022, 08:06:27 am »
Да бе низбрдо, и баба ми вози на струја ;D

Зајак, а баба ти држеча ли е? 🤣

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #85 на: 30 Декември 2022, 08:34:42 am »
На таа мала потрошња, не да е држеча...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34090
  • Таков е животот... јебига
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #86 на: 31 Декември 2022, 01:49:02 am »
Да бе низбрдо, и баба ми вози на струја ;D

Зајак, а баба ти држеча ли е? 🤣
Последен пат ја имам видено во 2013-та, your guess is as good as mine ;D

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #87 на: 08 Јуни 2023, 13:48:44 pm »
Bad days at the office,



Голготата почиња така што првен бев во осигурителната да пријавам штета и чекам проценка,  ај викам и така сум у Скопје ќе отидам до тојота да видам што ќе кажат они нели овластен сервис и се тоа. Стасав јас им кажав дека сум за проценка, ја земаа колата за 10 мин идат доле и првото нешто што ме прашаа е дали е каско и на колку франшиза. 200 еур франшиза и ни 5 сек не поминаа епа толку ќе кошта поправката ми вика нема потреба да го активираш каското за вакви работи као демек мачкање очи и ми вика остави ја сега одма колата до 15 часот ќе биде готова и ќе можеш да си ја земеш. Имав работи по Скопје кај што ми беше потребно возило викам нема шанси денеска да ја оставам дај друг термин кога и да треба ќе дојдам, НЕМА ДРУГИ ТЕРМИНИ се е фулл во работилница денес имаме баш ваква кола за поправка па може да ја пикнеме преку ред. Хммммм, ај викам ќе ја оставам. Идам јас во 15:00 он среќен насмеан од 6ка до 6ка вика еве ја колата направена е тип топ, еве ви слика да видите што е тип топ.





Викам јас не сум задоволен од поправкава кај можам да се пожалам, да рекламирам. Не е проблем дојди на 6ти ќе средиме се. Влегувам јас во кола нервозен и си тргам за Велес. Паркирам во гаража и се вртам на задно седиште кога гледам стрипорот што стои позади браник на задно седиште оставен, го заборавиле. Ги контактирам другиот ден и им кажувам нели, еј вика па тоа се дешава знаеш ќе го средиме на 6ти кога ќе дојдеш.

Во меѓувреме ми стасува проценка од каското и записник каде што пишува дека тој дел/ таа пластика не се поправа, СЕ МЕНУВА  и проценката им е 14.000 ден. Одам јас во осигурителната и правам муабет со агентот и кажувам нели колку платив и дека не сум задоволен од “поправката на возилото“.  И сега подоле еве ви слика од проценката во ОВЛАСТЕН СЕРВИС!!!!



Океееј идемо даље моја туго, 6ти Јуни стасувам во 10:20 во тојота ја зимаат колата и прашувам нели јас да си го организирам денот што како кога ќе биде готова. Во 13:00 часот е готова не се секирај се ќе средиме подбраник наново фарбање, нови држачи или шрафови не знам точно што ме акна. Идам јас во 13:00 часот на договореното нели, еј дечко почекај малце сега ќе биде растурена е, ај викам ќе почекам....и чекам и чекам он смао иде и ме теши сега ќе биде. И бидна нели во 15:30 идам јас као стаивме стиропорот наново го изфарбавме ама ми вика тука имаше точки од камчиња, ВАТ Д ФАК, 30.000 има колава точки имала од камчиња точно на спојот од браникот со крилото. Аха да му викам или од вас се направени тие, го носам на другата страна нема ни камче го носам напред на браник и хауба нема ни точка, ајде нема врска и преку тоа поминав стасав касно дома ја остаив пред зграда и толку беше од колата. после два дена викам ај да ја исперам колава одам на перална и што ќе видам уште еден шок...Шрафови фалат, пластика не наместена убаво под крилото.



Пријавено денес во Тојота чекам одговор.... 

И да веќе моја кола во овој “овластен сервис“ не влегува, ќе ја носам во Грција.





Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5878
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #88 на: 08 Јуни 2023, 13:56:51 pm »
Жално што за секаква работа одиме до соседните држави, дај нешто саглам нека направат и тука и да се се 40% од корисниците задоволни. Без разлика дали се автоделови, сервиси или било што...
« Последно менување: 08 Јуни 2023, 14:32:45 pm nestor04 »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54971
  • Махер
Одг: Toyota CH-R 1.8 Hybrid
« Одговори #89 на: 08 Јуни 2023, 14:17:22 pm »
На тојота ЦХР 1.8 хибрид ли е прашањево?