Bad days at the office,
Голготата почиња така што првен бев во осигурителната да пријавам штета и чекам проценка, ај викам и така сум у Скопје ќе отидам до тојота да видам што ќе кажат они нели овластен сервис и се тоа. Стасав јас им кажав дека сум за проценка, ја земаа колата за 10 мин идат доле и првото нешто што ме прашаа е дали е каско и на колку франшиза. 200 еур франшиза и ни 5 сек не поминаа епа толку ќе кошта поправката ми вика нема потреба да го активираш каското за вакви работи као демек мачкање очи и ми вика остави ја сега одма колата до 15 часот ќе биде готова и ќе можеш да си ја земеш. Имав работи по Скопје кај што ми беше потребно возило викам нема шанси денеска да ја оставам дај друг термин кога и да треба ќе дојдам, НЕМА ДРУГИ ТЕРМИНИ се е фулл во работилница денес имаме баш ваква кола за поправка па може да ја пикнеме преку ред. Хммммм, ај викам ќе ја оставам. Идам јас во 15:00 он среќен насмеан од 6ка до 6ка вика еве ја колата направена е тип топ, еве ви слика да видите што е тип топ.
Викам јас не сум задоволен од поправкава кај можам да се пожалам, да рекламирам. Не е проблем дојди на 6ти ќе средиме се. Влегувам јас во кола нервозен и си тргам за Велес. Паркирам во гаража и се вртам на задно седиште кога гледам стрипорот што стои позади браник на задно седиште оставен, го заборавиле. Ги контактирам другиот ден и им кажувам нели, еј вика па тоа се дешава знаеш ќе го средиме на 6ти кога ќе дојдеш.
Во меѓувреме ми стасува проценка од каското и записник каде што пишува дека тој дел/ таа пластика не се поправа, СЕ МЕНУВА и проценката им е 14.000 ден. Одам јас во осигурителната и правам муабет со агентот и кажувам нели колку платив и дека не сум задоволен од “поправката на возилото“. И сега подоле еве ви слика од проценката во ОВЛАСТЕН СЕРВИС!!!!
Океееј идемо даље моја туго, 6ти Јуни стасувам во 10:20 во тојота ја зимаат колата и прашувам нели јас да си го организирам денот што како кога ќе биде готова. Во 13:00 часот е готова не се секирај се ќе средиме подбраник наново фарбање, нови држачи или шрафови не знам точно што ме акна. Идам јас во 13:00 часот на договореното нели, еј дечко почекај малце сега ќе биде растурена е, ај викам ќе почекам....и чекам и чекам он смао иде и ме теши сега ќе биде. И бидна нели во 15:30 идам јас као стаивме стиропорот наново го изфарбавме ама ми вика тука имаше точки од камчиња, ВАТ Д ФАК, 30.000 има колава точки имала од камчиња точно на спојот од браникот со крилото. Аха да му викам или од вас се направени тие, го носам на другата страна нема ни камче го носам напред на браник и хауба нема ни точка, ајде нема врска и преку тоа поминав стасав касно дома ја остаив пред зграда и толку беше од колата. после два дена викам ај да ја исперам колава одам на перална и што ќе видам уште еден шок...Шрафови фалат, пластика не наместена убаво под крилото.
Пријавено денес во Тојота чекам одговор....
И да веќе моја кола во овој “овластен сервис“ не влегува, ќе ја носам во Грција.