Во потрага по кола во 2016 ги разгледував сите опции, така да патот ме однесе и во овој сегмент, односно 2008, Каптур, Мока, Скрос4...највеќе се задржав на Каптурот и Скрос пред да дигнам раце, другите џабе да ми ги даваа немаше да ги земам
Скросот предфејслифт ми беше одвратен однадвор, внатрешноста ми делуваше најзрела/најсмирена од сите (не обрнувам внимание на пипање шалтабла и слично) и најубаво и најлесно се сместив зад волан. Димензии топ.
Не направив тест возење бидејки немаа тест возило.
Каптурот ми беше најпривлечен однадвор, внатре така/така и одвратен волан, малку се помачив да најдам позиција зад волан. Димензии таман.
2 пати го возев 1.5 дци 90 коњи, потром беше во однос на Клиото, над 110 се осеќаше фучење на воздух, и многу крцкање и тропкање од ентериерот.
Скрос датира од 2013 како и стариот Каптур.
Сега имаме нов Каптур, на слики ентериерот е поубав.
Нека го ѕирне, нека го повози, во зависност од впечатоците и цените нека се одлучи.
Фејслифтот веќе не ми е одвратен.