Автор Тема: Статистики за продажба на нови возила во Европа  (Прочитано 31584 пати)

Отсутен Majstoriste

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #150 на: 02 Октомври 2020, 23:04:18 pm »
Малце е безвезе групирањево на продажбата на сите SUV модели во едно. Ми нема логика бројките на Kia X-Ceed и Jeep Wrangler да се сметаат како продадени во иста класа.

Инаку супер е што расте продажбата на електрични. Супер е и што Европа вложува во обновливи извори на електрична енергија. За жал, кај нас зголемувањето на електричните може да придонесе само да се гори повеќе јаглен во РЕК Битола и да се затворат сите планински реки во безначајни мини хидроцентрали.
Ветерниците во Богданци имаат вкупен инсталиран капацитет од 32 MW/h. Просечно електрично возило троши околу 14kw na 100 km. Ако ветерниците работат еден саат ќе произведат 32*1000/14kw*100км струја за 228571 километри. Ако дневно се поминува по 30 километри, еден час работа на ветерниците во Богданци е доволен за дневна потреба на 7619 електрични возила. Според оваа математика, РЕК уште долго нема да прави струја за електричните возила.
Супер е математикава, ако возиме електрични само кога дува и е ведро и е лето :)

Еве уште малку математика.
https://a1on.mk/economy/parkot-na-veternici-bogdanci-go-nadmina-planiranoto-proizvodstvo/
Во првите 6 месеци од 2020 ветерниот парк Богданци произвел вкупно 68452 мегавати струја / 180 дена = дневно просечно измерено производство од 380 мегавати под сите влијанија на дожд, снег, сонце и месечина. Според тоа, 380 мегавати *1000 /14*100 е дневен потенцијал од 2714285 км и со просечни 30 км на ден тоа е доволно за 90476 електрични возила. Во написот пишува дека во тек е процес на дуплирање на капацитетот за производство и ако се следат бројките Богданци би произедувал просечно днево струја за 180000 електрични возила.
Пресметката е илустративна и има за цел да покаже дека дури и сите возила во Македонија да се електрични, нема да се претвориме во црнила од горење јаглен во РЕК Битола за нив.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54737
  • Махер
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #151 на: 03 Октомври 2020, 06:52:34 am »
Замисли да го користиме еве не 100% ами 70% од потенцијалот што го имаме за производство на ел.енергија од ветерници и соларни панели.
Ако се греат на дрва, и тоа недосушени, и башка друго да горат - не гледам ама баш никаква разлика од сега.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2610
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #152 на: 03 Октомври 2020, 22:34:58 pm »
Би била поефтина струјата, и белки повеќе семејства ќе одлучат да се греат на струја. Или на сличен друг почист начин. Никој не сака да се мачи со дрвца, имајки само едно копче да кликне. Од шо мора.
А и да бидаме он топик, би возеле повеќе електрични возила. Јас лично би возел и сега, ако имав пари за кола на струја зошто да не... Посебно мала градска. Возењето ти е практично без пари со тој штеќерот од евн поставен во град, што никој не го користи во Ср. моментално

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54737
  • Махер
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #153 на: 06 Октомври 2020, 10:31:04 am »
Би била поефтина струјата, и белки повеќе семејства ќе одлучат да се греат на струја. Или на сличен друг почист начин. Никој не сака да се мачи со дрвца, имајки само едно копче да кликне. Од шо мора.
А и да бидаме он топик, би возеле повеќе електрични возила. Јас лично би возел и сега, ако имав пари за кола на струја зошто да не... Посебно мала градска. Возењето ти е практично без пари со тој штеќерот од евн поставен во град, што никој не го користи во Ср. моментално
Како е возможно струјата да е поефтина!? Па веќе е меѓу најефтините, ако не и најефтина во Европа, а и пошироко. Единстевна насока која може да ја има цената на струјата е нагоре, и тоа многу нагоре. Да бидеме реални.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10123
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #154 на: 06 Октомври 2020, 11:20:22 am »
Би била поефтина струјата, и белки повеќе семејства ќе одлучат да се греат на струја. Или на сличен друг почист начин. Никој не сака да се мачи со дрвца, имајки само едно копче да кликне. Од шо мора.
А и да бидаме он топик, би возеле повеќе електрични возила. Јас лично би возел и сега, ако имав пари за кола на струја зошто да не... Посебно мала градска. Возењето ти е практично без пари со тој штеќерот од евн поставен во град, што никој не го користи во Ср. моментално
Како е возможно струјата да е поефтина!? Па веќе е меѓу најефтините, ако не и најефтина во Европа, а и пошироко. Единстевна насока која може да ја има цената на струјата е нагоре, и тоа многу нагоре. Да бидеме реални.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Треба да се земат во обзир и трошоците за производство.
Еден од трошоците се и платите на тие што се во тој процес (првенствено работници).


Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43367
  • Il Moderatore
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #156 на: 12 Април 2022, 15:35:53 pm »
Ќесотрујам од вакви вести..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5428
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #157 на: 12 Април 2022, 20:17:06 pm »
Se mislev kade da ja stavam, trebase vo temata sto ve nasmea.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!