Автор Тема: Данок на возила и субвенции за електрични возила.  (Прочитано 8948 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Префрлено од темата за тестот на е-208.

----

Плус, ние немаме никакви субвенции за електрични возила. :/

А фино би било.
« Последно менување: 03 Јули 2020, 11:47:57 am zeroSignal »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2020 Peugeot e-208
« Одговори #1 на: 03 Јули 2020, 08:40:00 am »
Плус, ние немаме никакви субвенции за електрични возила. :/

А фино би било.
Кај нас имаат повластена стапка во данок од 0% ако не се лажам. Така да оваа цена е веќе со помали давачки во однос на дизел/бензин.

А со оглед на цените од 33000евра за повеќето електрични уште се далеку од достојни за субвенција бидејќи спаѓаат во многу скапи возила кои може да си ги дозволи 1%. А како пракса лошо е да субвенционираш 1%. Од друга страна кога ќе излезе првото од 16000 евра ќе има логика и субвенција со цел да им го доближиш на народот со 3000 субвенција до 13000 евра.

Во овој момент за да е конкурентно за широката публика треба да е субвенција од 15000евра, за да е со цена слично на дизел/бензин. Што е малце многу.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5421
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: CARclub Тест: 2020 Peugeot e-208
« Одговори #2 на: 03 Јули 2020, 08:41:05 am »
Плус, ние немаме никакви субвенции за електрични возила. :/

А фино би било.
Site cekame, ama zaludno.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: 2020 Peugeot e-208
« Одговори #3 на: 03 Јули 2020, 09:49:24 am »
Кај нас имаат повластена стапка во данок од 0% ако не се лажам. Така да оваа цена е веќе со помали давачки во однос на дизел/бензин.

Ако сакаме да стимулираме продажба на нови возила (како што би требало), треба значително преработување на оданочувањето на возилата воопшто. Кај новите возила треба целосно да се укине тој дополнителниот „данок на возила“ (односно поранешната акциза). Плус на тоа треба субвенција за хибриди, плаг-ин хибриди и електрични возила.

Замисли возилово да е 15% поевтино у старт, па на тоа уште 5000 евра субвенциичка. Па и попустче во салон... Мх, мх.

Ама тоа е друг муабет, за во друга тема.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2020 Peugeot e-208
« Одговори #4 на: 03 Јули 2020, 09:55:22 am »
Епа еве за ова возило е 0%, така? (Можеби грешам) значи е веќе олеснето за тој споменат процент.

Субвенции неможе да има со крајна цена на возило од 25000 евра. Think about it.

Треба тема за данок и давачки на нови возила...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Епа еве за ова возило е 0%, така? (Можеби грешам) значи е веќе олеснето за тој споменат процент.

Субвенции неможе да има со крајна цена на возило од 25000 евра. Think about it.

Треба тема за данок и давачки на нови возила...

Зошто да нема? Во Германија (само од државата) има 6000 евра (+3000 евра од самите производители) субвенции за електрични возила под 40.000 евра и 5000 евра субвенции за возила меѓу 40.000 и 60.0000 евра.

Тоа значи дека на возило под 40.000 Евра добиваш 9.000 евра субвенции. Како што оди цената нагоре, субвенцијата се намалува.

Али еве, не мора да одиме во Германија - да одиме во Словенија. По тоа што успеав да најдам на нет, субвенциите за електрични возила се во зависност од намената, ама М1 (патнички возила) добиваат 6000 евра субвенција across the board.

Даааалеку сме ние од Германија и Словенија, секако - ама зошто да не? Не е дека кај нас ќе се продаде некоја огромна бројка на електрични возила - ама за тоа што ќе се продаде, вакви субвенции би биле прекрасни.

Не е дека не може. Може, само треба да се сака.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Зошто ќе земеш од шивачката, за да му дадеш на оној со фабриката. :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Генерално, не се согласувам со таквото размислување - но ете, нека биде така. Затоа реков дека треба комплет да се укине тој „данокот на возила“ за во старт сите возила да бидат значително поевтини. Понатаму, да се направи сè што може да се олесни купувањето ново возило. Електричните возила се посебна приказна, но полека-полека и тие стануваат подостапни.

Ете, и во Германија и во Словенија ги субвенционираат, и луѓе ги купуваат. Обични, нормални луѓе. Таква стратегија треба и за кај нас.

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6947
Државата лесно се убедува за нов данок а тешко се откажува.

Со овие бројки на продажба, смешна е сумата што би се изгубила како приход. АМА за да успее оваа мерка, треба баланс, од некаде да се земе за да се даде.
Ако се воведе данок на луксуз, пример ако се има возило во вредност над 100 просечни плати, да се плаќа покрај давачките да се плаќа одредена сума и истата пропорционално да расте доколку сумата е повисока. Ако истото лице или лице од неговата фамилија има исто возило над просекот, да има прогресивен данок на луксуз.
Да видеме реални, последниве години се повеќе гледаме коли над 80к евра. Смешно е да плаќаат иста сума за патишта, технички итн. Не знам колку од цас се сеќаваат ама пред 15 години се плаќаше данок на возила над 1900 кубни цм. Без разлика на кс. Што и ова беше смешно.

Тогаш ќе има простор за субвенции.

Нормално, кај нас се купуваат возила на име на фирма, оа тогаш во друг правец би се терала даночната политика за правните лица.

На крајот на денот, со 300к граѓани во сиромаштија, ова и нема баш да им влијае.
Јас попрво би го средувал јавниот превоз па потоа би субвенционирал електрични возила. Со нормалниот, чест, редовен јавен превоз би се зголемувал трошокот за поседување возило преку зголемување на давачките за сите, па откако ќе се исчистиме од "бабавозелаувозшвицарскагољф4исл" и се разретчат возилата би се пристапило кон ел возила. Паралелно со зголемување на патници во јавен превоз, одемање на лемти од булевари за велосипеди и сл.

Ама, ова у нормална држава со нормални политичари кои мислат подалеку од тоа да крадат и мислат дека се  богови.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Тоа и велам. Колку треба да е цената на колата за реален МКдонјанин да ја купи? 13000? 15000? Мааааааксимум 17000?

Значи субвенција од 15000евра треба.  Тоа е нехумано многу.

Зошто електричните веќе се субвенционирани со намалени давачки!

Е сега ако е за некоја субвенција од 1000евра по возило, според мене, многу повеќе логика има да се даде за ново возило под 12000 евра продажна цена. А не за електрични од 36. Зошто тука е заглавена работата со скапаници бугарски.

Згора на тоа и преефтина е регистрација на кршеви, и сето тоа - доведува до ова.

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6947
Последното, тоа е муабетот.

Може и субвенциониран рент а кар за одмор за фамилии со пониски примања.

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10034
Главниот проблем е во немањето петолетка, десетолетка ;D

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3595
Последното, тоа е муабетот.

Може и субвенциониран рент а кар за одмор за фамилии со пониски примања.

Значи тие што имаат највеќе пари ќе имаат субвенциониран рант-а-кар :D . Зошто и картичкиве од владава за помош ги земаа сите газди на фирми и луѓе од нивната фамилија (Тие се пријавени на минималец). Другите нормални луѓе што зимаат нормална плата од 20-45.000 денари не земаа ништо, а реално имаат многу реални примања од тие со 14.500.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Последното, тоа е муабетот.

Може и субвенциониран рент а кар за одмор за фамилии со пониски примања.

Значи тие што имаат највеќе пари ќе имаат субвенциониран рант-а-кар :D . Зошто и картичкиве од владава за помош ги земаа сите газди на фирми и луѓе од нивната фамилија (Тие се пријавени на минималец). Другите нормални луѓе што зимаат нормална плата од 20-45.000 денари не земаа ништо, а реално имаат многу реални примања од тие со 14.500.
Со новиот закон за возила требаше да поефтинат макар минимално возилата под 15000 евра. Ама како што гледаме тоа не се случи. Само тие возила може да не извадат од овие хорори во кои сме навлезени во автомобилскиот свет. На кола од 11500евра како Свифт, уште ако има 1000 субвенција, и дојде 10500... Или Ц3 кое е 11000, да дојде 10000, за да ги поттурне луѓето да се подноват со нова НОРМАЛНА кола, а не шминкан крш.

Отсутен Majstoriste

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46

Тоа што е дискутабилно во потенцијални субвенции е однесувањето на импортерите на нови возила. Одсекогаш Ц3 била кола која се движела во ценовен ранг 10-11.000 ЕУР, за прво ниво на опрема, зависно од циклусот на промовирање на нов модел или редизајн. Да не се случи само државава да даде 2,000 ЕУР субвенција и наеднаш Ц3 да стане 13,000 ЕУР.
Од друга страна, данокот на возила кај нас е еднократен, при прва регистрација и еколошки понеповолните коли само еднаш треба да стиснат заби и да платат поголеми давачки. Можеби, ако се воведе ситуација секоја година при регистрација да има подрастична еколошка разлика во давачките би се дестимулирало нивно користење. И секако, реално мерење на издув и соодветна реакција за неподобните коли. Сега е сеедно дали ДПФ, ламбда сонда, катализатор се во функција или не