Автор Тема: VW Golf 2 GTI - Upgraded  (Прочитано 10409 пати)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #15 на: 07 Септември 2020, 22:52:39 pm »
Немам пишано никаде за боја така да не си пропуштил не се секирај.

Имав една двојка гти што ја продадов и ми е мака што ја дадов и планот е иста боја да биде и оваа, royal blue metallic е бојата.


Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #16 на: 09 Септември 2020, 14:46:49 pm »
Денес RSL-от оставени на исправање кај мајстор Борче во Лисиче. Извадени се гумите, од тројката вр6 имам две нови 15ки кои ги земав минатото лето и немаат ни 1000км извозено така да ќе треба да земам уште две исти за да бидат комплет.


Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #17 на: 09 Септември 2020, 16:51:14 pm »
ova e machina.. svaka cast

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #18 на: 03 Октомври 2020, 20:17:29 pm »
Работата продолжува, бавно ама сигурно напред, мал застој имаше поради логистика и дека сервисот каде што ги фарбам сите коли досега се сели во нов објект во индустриска зона па мора се да се однесе од едно на друго место.

Така да да почнам од некаде, бандажите се работат се симнуваат многуте слоеви боја за да можам да ги фарбам пред да одат на кола. Кошот и внатрешноста на колата се веќе офарбани за да може да се монтира срцето.







Уште еден дел плус кој ќе го надополни овој проект е и ова:



Даре имал нови фолии за да го заличи како нов, да се надеваме дека се ќе работи финално. И нешто од денес, големата преселба на народите, еден тон делови да се симнат од поткровје. Без душа останав не идете на помош 😂. Цело Корадо и двојка во делови се симнаа за преселба во новиот сервис.



Ова е само еден мал дел од сите делови кои успеав на овој начин да искористам за транспорт.

Е сега пажња, на следната слика ќе видите две шасии т.е. два Голфа, едниот е донорот во подвозје и мотор, инсталација и други дребулии. Шасијата останува, оригинал ГТИ на наши документи не е скапана но треба да се средува и планирам само шасија да ја продадам (она што остане) сообраќајната е на мое име така да може да се префрли. Ако на некој му треба ГТИ шасија нека пише ќе се договориме за цена.




Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #19 на: 03 Октомври 2020, 22:25:49 pm »
Vanka samo 8K ostanaa, ali kje ima nova stampa uskoro:)


______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #20 на: 04 Октомври 2020, 01:39:43 am »
@darko mk5 таман, ќе пробам на оваа како ќе оди лепењето на новата фолија. Ако помине се како што треба зимоска ќе ја извадам и другата табла ќе ја прелепам и неа, ќе треба до 8к за неа секако. Оваа до 7к е таман за АБФ-от и така е фабрички кај нив.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #21 на: 10 Октомври 2020, 23:08:38 pm »
Почнав со подготовките за трансплантација. Извадени се носачот на предниот браник, предниот носач со држач на моторот. Ладникот исто така е надвор, остана да одштрафам ауспух од граната и планот е да го симнам моторот со траверзната комплет.




Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #22 на: 16 Ноември 2020, 13:06:08 pm »
Ајде едно по едно за еден апдејт на темата. Покрај обврските со спремање на стан и работните обврски времето е кнап, но сепак се трудам да најдам време да можам да работам на колата, сепак тоа ми е љубов и вентил за ослободување од негаитвност и притисок.

Пред неколку недели од донорот извадив преден браник, преден носач, везен лим и почнав да работам околу моторот во припрема за вадење. Тоа значеше да се извадат сите црева за вода, сајла за гас, сајла за кумплуг, инсталација итн. Планот ми беше да симнам предна траверза комплет со мотор, летва, вилушки, рукавци.







Делот кај што работев на колата се поплочи со бекатон па можев убаво да се сметам за работа, најлесно за работа лично ми е двете коли една до една па ради Мишко.















И бандажите се во припрема.


Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #23 на: 19 Ноември 2020, 19:34:20 pm »
Одиме понатаму, вчера си земав слободен ден сака да ме фати некоја настинка ама денес со нови сили продолжив таму каде што застанав во Вторник. Пушката од воланот заедно со педалите и сервото за кочници е префрлено на шасијата, стегнато и прикачено како што треба.





Одстранета е целосно издувната грана заедно со остатокот од идзудвните цевки и лонци чисто да се ослободи повеќе простор за работа при вадење на резерварот за гориво и задниот трап.







Задниот лонец иако нов веќе си најде нов сопственик, истото важи и за штелките... а може и штоповите кои се редки како модел Hella Black.



Следно надвор отиде резерварот за гориво, одстранет е и дополнителниот резервар со надворешната притисочна пумпа.





На сликата погоре се гледа дека е спуштен задниот трап со цел да може да се одстрани резерварот. Така да задниот трап е целосно ослободен и изваден од кола и преместен под новата шасија каде ќе ја најде следната употреба.



Е сега дури поголемиот дел од деловите на подвозјето се надвор, вклучувајки го резерварот за гориво ќе добијат само едно детално перење чисто да паднат годините на кал и прашина по нив оти денес пола ми отиде во очите. Не планирам да ги фарбам за да личат на нови.

Исто така додека се е пристапно планирани ми се следните промени со цел подобрување на некои карактеристики на возилото. Напред ќе бидат монтирани шепи за кочење заедно со дискови од 280мм од Корадо Г60, моменталните на колата се 256мм вентилирачки. Исто така додека го вадев подвозјето приметив дека петтиот цилиндар воопште не функционирал, што значи колата назад немала кочници речиси ич па мислам дека имам функционален петти цилиндар од Корадо и задните шепи ќе бидат репарирани плус нови дискови и плочки.

Штом застане на тркала колата ќе биде припремена за фарбање, привремено ќе стои на стари амортизери кои се наоѓаат на залиха па понатака ќе добие нешто соодветно. Зборот ми е штом биде офарбана може да го планирам остатокот од работата, инсталација, да се поврзе се што треба, да се прегледа инсталацијата, треба да се одглават моторчињата за страничните стакла (ако некој има совет како добредејен е).

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #24 на: 21 Ноември 2020, 00:31:01 am »
Се поблиску сум до моментот кога ќе може да се монтира моторот на колата. Сабота е една недела како поактивно работам на колата, без 2 дена кога имав други обврски и дневно имам некаде по 4-5 часа што можам да ги одвојам. Со оглед на тоа ако денес (Сабота) успеам да го монтирам моторот и да ја застанам колата на тркала тогаш тоа е доста добар прогрес.

Е сега, бидејќи на почеток од темава спомнав дека ова ќе биде двојка која ќе биде хибрид со делови од различни генерации на Голф денес монтирав шалтер од тројка. За оние кои не се толку упатени, на двојката шалтерот е на штангли... врши работа ама не е тоа тоа, кај тројката шалтерот веќе е подобрен и попрецизен и е на сајли. Не е тешко да се монтира, се што треба е да се направи една дупка на горната страна на тунелот, додека од долната страна се прават две дупчиња бидејќи не се поклопува куќиштето со фабричките од двојката и тоа е тоа.





После тоа можев да монтирам плеховите за топлотна изолација од ауспухот и додека лежев под кола монтирав надворешната пумпа за гориво, цревата за гориво и цевките за кочници кои одат кон задните тркала.





Кога завршив со тоа најтешкиот дел за денес беше монтирање на задниот трап од причина што треба барем двајца, доста е тежок и додека да го дигнам да го центрирам да го фатам на штрафови мислам дека отидоа доста калории и пцовки. Евентуално успеав да го качам и да наместам задни амортизери.



Здравје следен пост со моторот на кола 😁

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #25 на: 21 Ноември 2020, 01:05:20 am »
01:00 vecerva te citam i neznam samo respect i uspeh vo ponatamosnata rabota i sto pobrzo kluc vo brava i da cues od auspuh wutututuutuu :)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #26 на: 21 Ноември 2020, 01:14:05 am »
Благодарам @Vlatce-Vectra. Има неколку сопки што треба да ги решам пред клуч на брава, првата е уложак... имам некаде резерва треба да го сменам само, втората е надворешната бензинска пумпа која најверојатно е расипана бидејќи гориво не стига до моторот. Пропратно сега дури местам инсталација ќе проверам маси, скинати жици и слично да биде се како што треба.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #27 на: 21 Ноември 2020, 08:37:24 am »
Колку што е лошо што Голф 1, 2 и 3 се многу слични по конструкција, толку и излегува добро за тебе :)

Многу сакам вакви resto mod проекти, и многу ме интересира колку ОЕМ ќе изгледа на крај.

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #28 на: 21 Ноември 2020, 17:54:31 pm »
Bravoooo 👏👏👏👏👏
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #29 на: 21 Ноември 2020, 18:18:52 pm »
И конечно.... моторот е монтиран на кола, има уште неколку ствари да престегнам, но бидна работа колата е на тркала и може да се движи.



Повторно позајмив на кратко од соседниот сервис дизалица за мотори, среќа со него лесно е сам да го кренеш моторот и да го преместиш каде ти треба. Потешкиот дел беше да центрирам за траверзата да дојде на штрафови, се на се инсталацијата ми одзеде некои 15 мин.

Монтирав предни амортизери, нагибот не е добар ама не е тоа битно сега. Еве ја колата на тркала и конечно поместена од местото за да ја истуркам внатре во сревис каде сега можам на топло и на завет да работам, денес дуваше ептен студен ветар па ако ме снема да знаете настинка е не е корона :D