Јабучици, чаури на вилушки, стабилизатори се по 500-600 денари парче. 3 држачи за мотор и еден за менувач се 2900 денари.
Ова зборам за Ксара, што дели платформа со 306. Цените се претпоставувам тие, коливе ги има во изобилие кај нас и има делови на лагер за сечиј џеб.
Ламели и други глупости не знам, ама и тоа ќе се најде за нормална пара. Поентава е да кошта што знам.. 1500-1700 евра со се сменето, што мислам дека е изводливо за поверливо количе што не вози толку лошо и не троши многу.
Втора опција ми е Ксара уште една да си земам, магариња се и се многу благодарни ако вложиш во нив малце внимание.
Откако ќе се средат механички, план ми е да идам на рели изглед: калници, бели челичњаци за летен сетап и кровни носачи перманентно закачени на кров. Ако ептен откачам, пар халогенки кружни на преден браник и тоа е тоа