Автор Тема: К: Citroen Saxo 1.5D, со клима  (Прочитано 5736 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1664
Одг: К: Citroen Saxo 1.5D, со клима
« Одговори #30 на: 17 Јануари 2020, 14:10:04 pm »
Како вљубеник во Алфа Ромео, зошто купуваш Цитроен?

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Зошто колата што ќе ја купам сакам да е технички 100% исправна во секое време. Алфите што ги имавме, по некое време почнаа да бараат повеќе пари отколку што можевме да им посветиме, и во моментов не можам да дозволам да го возам брендот што го сакам и ми одговара, па го бирам следниот што ми се допаѓа и мене и на мојот буџет.

Бев многу блиску до купување 156 2.5 V6 но ќе требаше да ми стои во гаража и да ја возам ретко. Се откажав кога ја измерив чергата пак.

Ќе биде и Алфа во иднина, само не оваа година. Имам други приоритети од поголеми размери, Алфа (веројатно Brera) ќе биде кога ќе сум задоволен со другите аспекти од животот.
Ок, дај Боже да си возиш што ти е по ќеиф.
Инаку баравме нешто слично за другар во рамки на тој буџет и генерално немаше избор. Поправки еден куп, независно од брендот.
Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: К: Citroen Saxo 1.5D, со клима
« Одговори #31 на: 17 Јануари 2020, 14:21:59 pm »
Баш ме интересира кој ја продава колата откако поправил се што треба.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1664
Одг: К: Citroen Saxo 1.5D, со клима
« Одговори #32 на: 17 Јануари 2020, 14:41:52 pm »
Баш ме интересира кој ја продава колата откако поправил се што треба.
Јас 2 коли сум продал досега, лично мои, без ниту еден механички недостаток и сервисирани. Прво затоа што не ми се брзаше да ги продавам, второ затоа што без разлика на тоа што се продаваа не сакав да ги возам ако имаат проблеми. Првата кола се продаде на првиот што дојде да ја види, втората на вториот заинтересиран купец. На првата спуштив 50 евра, на втората ниту евро. Не беа најевтини  на огласник. Втората кола имаше изгребано крило и врата од паркинг. Тоа не беше санирано ама сепак се продаде. Врата за гребаница не ми се фарбаше.
Затоа и советувам да не се купуваат најевтините примероци.
Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
« Последно менување: 17 Јануари 2020, 14:47:02 pm Bravo »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: К: Citroen Saxo 1.5D, со клима
« Одговори #33 на: 17 Јануари 2020, 15:32:59 pm »
И мене колите ми биле одржувани и технички исправни, што не значи дека во моментот на продажба не требало нешто да се поправи/вложи од аспект на купувачот (колку да се симне цена).

Последната кола што ја продадов беше пред голем сервис, со летни гуми за менување од мој аспект, (некои возат и бетер гуми).
Математиката ми беше ако го средам сето тоа повторно иста цена ќе му земам.
Во случај да вложев во средување на сето тоа ќе немав потреба да ја продавам, ќе си ја чував.