Ние имаме една река со капацитет од 44.9м3/с тоа е Вардар. Потоа Треска со 24, потоа Пчиња со 2м3/с итн. Да видиме колку капацитет имаат големите реки низ светот за да видиме дали ние имаме голем речен ресурс: Амазон 209,000м3/s, ете една поголема река. Еве да ја земеме Нил како река со помал капацитет со 2,830м3/с. Еве позната треба да е и Волга со 8,000м3/с, како и Нијагара со 5,500.
Мислам дека од бројкиве, малку-од-малку треба да се разјасни „речниот ресурс“ на земјава кој ако се соберат сите реки пак е двоцифрен.
П.С. далеку од тоа дека не треба хидроцентрали, но треба да сфатиме колку мал процент од струјата можат да произведат. Пак некој треба да го надополни тој огромен процент кој ќе остане. Матка има максимални 4.2 MW, најмалите нуклеарки даваат 30, а најчести се со 300MW. Значи треба скоро 100 Матки за 1 нуклеарка. Па сега види ти колкаво загадување и оштетување на почвата ќе направат 100 хидроцентрали колку матка.