Гас, одлично звучи.
Имаме неколку моменти со него.
Еве ке кажам од лично искуство. Во Србија каде што ми е другата куќа, да речам викендичката, ми донесоа приклучок до куќата за гас.
Приклучокот чинеше 1100 евра. Значи само приклучокот.
За да се приклучам веројатно треба да се направи и некаква подстаница која ке ме чини Х евра. Потоа треба да сменам котел, инвестиција околу 600 евра или повеќе, не сум баш запознаен со цените. Како год под 2000 евра не можеш да се закачиш и да функционираш. А цената на гасот ке биде наштелувана тука некаде.
Значи неколку од комшиите таму се закачија, оние кои имаа повеќе пари, и знаете што? Гасот го користеа многу малку време, два, три месеци, за после тоа да кажат дека е за 30% поскапо кога се греат со него. Зачудувачки, нели???
А и како што кажав не секој има 2000 евра за старт...
НО и јас искрено се надевам дека греењето со гас ке биде поефтино ако ништо повеќе барем 15 до 20 % за да има економска исплатливост во вложување на опрема!