Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 595097 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1260 на: 22 Јануари 2015, 20:36:30 pm »
Ништо посебно не ни кажува на темава, таа табела/график. „Централно греење„ па што со тој податок, кога важното е со кој енергенс се служи тоа централно греење. Кај нас почнаа демек гас да користат, ама реалноста е дека користат и мазут. Демек морало да се искористат залихите, а не кажуваат дека имаме обврски со децении да купуваме мазут од Окта.

Потоа греење со електрична енергија, тоа демек „чисто греење„ е... Можеби, кога целата е.е. би ја добивале од хидроенергија, соларна, ветер... или другите обновливи извори на енергија. Но реалноста е дека најголемиот дел од е.е. во Македонија се добива од термоцентрали... а со оглед на ефикасноста на конвертирањето на топлина во е.е.  и потоа пренос до корисникот, и потоа пак конверзија од е.е. во топлинска е. Абе многу еколошко греење е тоа. Едина придобивка е што е загадувањето е налошо локално кај термоцентралите, Битолчани си знаат.  ::)

Едно е да чади во населено место, друго е да чади централизирано и далеку од населено  место. Струјата може целата со горење да се прави, пм10 честичките паѓаат со тек на време на земја. Кога се грееш директно на дрва, пм10 се меша со тоа што дишеме.

Европски рекордери во загаденост со пм10, истовремено и европски рекордери во процент на греење на дрва. Не гледаш корелација тука?

http://www.numbeo.com/pollution/region_rankings_current.jsp?region=150

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1261 на: 22 Јануари 2015, 20:40:27 pm »

Кој кажа дека е исклучен Макстил? Навечер да не се гледа нешто, посебно во маглава??  ;)

Јас велам дека е исклучен погонот на Макстил. Кој не верува, ќе го прошетам и ноќе. Само да не мења пелени после.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1262 на: 22 Јануари 2015, 21:11:58 pm »

Па муабетот беше за тоа дека во магла не се гледа ни оџакот, а не па чадот од оџакот. За видливоста на пелените не знам... :)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1263 на: 22 Јануари 2015, 23:17:52 pm »
Цитат
Европски рекордери во загаденост со пм10, истовремено и европски рекордери во процент на греење на дрва. Не гледаш корелација тука?
Имењак,а во лето која е корелацијата?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1264 на: 22 Јануари 2015, 23:35:41 pm »
Во лето помала е загаденоста. Не е дека греењето на дрва е единствен извор на загадување, ама е значителен и не треба да се занемарува.

Не треба ова да се гледа како напад кон малиот, сиромав човек, кој може да си дозвои само да се грее на дрва. Исто како што се стремиме да ги примораме големите фабриките и загадувачи да преминат кон поеколошки горива и да постават соодветни филтри, така треба да се изготви и стратегија за премин кон поеколошки начин на греење.

Еден човек кој фрла отпадок по улица не е голем проблем. Но доколку 80% од народот не знае како да користи контејнер, многу брзо ќе стигнеме до гуша во ѓубре.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1265 на: 22 Јануари 2015, 23:38:53 pm »
Цитат
Европски рекордери во загаденост со пм10, истовремено и европски рекордери во процент на греење на дрва. Не гледаш корелација тука?
Имењак,а во лето која е корелацијата?

Во лето загадувањето со пм10 е неколкукратно помало. Цел ред величини помало. Загадувањето скајрокетира кога почнува грејна сезона.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1267 на: 23 Јануари 2015, 01:01:50 am »

Eфикасност на согорување, неколку реда над обичните сегдеприсутни печки на дрва (и оваа е обична, ама преработена е да биде... необична).
Емисија на пм10 (и помали) честици, неколкукратно намалена (во однос на обичните печки).


Постојат и поегзотични решенија, со суперефикасно согорување и термална акумулација и скоро непостоечка емисија на чад... ама не верувам дека некој ќе се нафати на такво решение.
http://www.youtube.com/watch?v=4usXIAoy9us

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1268 на: 23 Јануари 2015, 01:08:22 am »
Најубаво со закон да се забрани палење печки за греење, колку и да штети на луѓето така е најдобро.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1269 на: 23 Јануари 2015, 05:18:49 am »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Линк ?

За Скопје чисто сумњам дека би важела статистикава, осим за приградските населби и околните села ..
Најголем проблем се Скопската магла и прашината ..

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1270 на: 23 Јануари 2015, 08:04:48 am »
Линк ?

https://www.energy-community.org/portal/page/portal/ENC_HOME/DOCS/258178/EE_Stocktaking_Report_FinalDraft010508.pdf

Најголем проблем се Скопската магла и прашината ..

Магла (ситни капки вода) не е канцерогена, така да не е проблем.

Прашина е типично поголема од 10 микрометри, така да не е проблем.

Проблем е пм10, екстремните, рекордни количини на пм10

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1271 на: 23 Јануари 2015, 10:21:17 am »
ги гледав сабајлево неделните мерења,стварно се помали во лето од сега во зимо,иако и тогаш се 2-3 пати у најмала рака над дозволеното скоро цело време.
мора некое чаре да најдат тие што треба да го најдат,незнам дали вештачки ветер или слично,иначе ќе почнеме да умираме масовно.
ова со прскањето на улиците,мислам дека е ептен тешка глупост и нема скоро ништо да поправи,а некој ќе се напуни со пари од зделката

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1272 на: 23 Јануари 2015, 10:28:14 am »
Квалитетот на воздухот од вчера е драстично подобрен а сабајлево е во нормалните граници. Сепак се осети разлика од намаленото греење на дрва после вчерашниот потопол ден.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8955
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1273 на: 23 Јануари 2015, 10:30:30 am »
http://libertas.mk/%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%BE-%D1%93%D0%BE%D1%80%D1%87%D0%B5%D0%B2-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%B5-%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BB/
што се буните ја незнам :D

ИДИОТ, ако овој е пулмолог совесен јас сум супермен и ке го однесам на месечината да дише.

ебаму интелегенцијата

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1274 на: 23 Јануари 2015, 10:49:35 am »
ИДИОТ, ако овој е пулмолог совесен јас сум супермен и ке го однесам на месечината да дише.

ебаму интелегенцијата

Цитат
Да било така, како што велат лаиците, сите ќе умреа во Њујорк или во Токио – вели доктор Ѓорчев.

Некој нека му каже на докторов, тивко, полека, со држење за рака и гледање во очи, дека концентрацијата на пм10 во Њујорк и Токио е околу ДЕСЕТ ПАТИ помала отколку во Скопје, Битола или Тетово.