Заедно со Чебрен и Галиште, вкупнoто максимално годишно производство е 2622 GWh. Еве да речеме браните од вардарска долина и од Црна река дека ке произведат ~2000 GWh.
Колку произведува еден блок на РЕК Битола на годишно ниво ?
225 MW по блок, на годишно ниво би му дошло 1900-2000 GWh. Значи Вардарска долина + Чебрен и Галиште = РЕК Битола со уште еден блок.
Нешто си утка, пошто РЕК Битола годишно произведува 4600 GWh, а не 1900-2000:
Годишното производство на електрична енергија изнесува 4600 GWh.
http://www.elem.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=121&Itemid=151&lang=mkМалку би било тоа производство за да го занемариме ?
Никој не рече дека треба да го занемариме, особено не јас. Јас реков дека од вкупните потреби на РМ тоа производство е само мал процент нема да направи некоја значајна промена од аспект на загадувањето од термоцентралите (за тоа зборувавме, не?). Термоцентралите и понатаму ќе треба да дерат под полна пареа бидејќи не можат да бидат заменети со хидроелектрани. Дополнети да, но не заменети. Дури и кога би биле направени сите до една и дури кога би работеле цело време со 100% од капацитетот.
Filo edno e maksimalniot mozen kapacitet a sosem drugo e kolku od nego se iskoristuva potocno kolku se proizveduva.
Toчно. Веројатно постои и некоја математика со која може отприлика да се одреди односот максимално торетски можно vs реално производство на струја од вода и ветар, некаков груб процент изваден од статистика? Прашувам.
Во секој случај, ако имаш турбина+генератор со максимална моќност X, колку стварно струја ќе добиеш не се рачуна со просто множење на X со времето. Миљон други фактори има.