Ја таксавме пред празниците, ја земавме после

Ford Fiesta 1.0 EcoBoost, 74KW / 101 HP Titanium, купена од овластен салон за Ford и Volvo. Прва регистрација 16.09.2016, поминати 26330 км кога ја купивме, сега нормално, има некоја стотка повеќе. Euro 6 норма, ЕЕК В, Aruba Blue Metallic.
Опрема: автоматска клима, паркинг сензори напред / назад, старт-стоп систем, греење на предно стакло, греење на седишта, темпомат, електрика на стакла напред, електрично подесиви и склопливи ретровизори, амбиентално осветлување, кожа на волан, мењач и рачна, ЛЕД дневни светла, проектор (лупа) средни светла, магленки, самозатемнувачки внатрешен ретровизор, фабрички затемнети задни стакла, ТРМЅ, сензори за светло и дожд, (барем) 6 воздушни перничиња, ЕЅР, ТСЅ, АВЅ, Hill-Start Assistance, City-Safety System, интегриран блутут / хендсфри, систем за автоматско дојавување во случај на несреќа, CD / AUX / USB, 15 инчни алу-фелни, интегриран заден спојлер.








(не сум стигнал да направам поубави слики од внатре, овие се од огласот)
У кратки црти, количето е одлично. Знаев дека е ептен добра, пошто уште кога излезе прошлата генерација, меѓу првите ја имавме земено на тест, и уште одма бев фасциниран од возилото. Тоа тогаш беше со 1.4 TDCI мотор, и беше феноменално.
Мојот најголем страв беше, како ќе се понаша на отворено, и колку ќе биде бучно внатре, со оглед на тоа дека мењачот е со 5 брзини, и со оглед на искуството со новиот Јарис Хибрид, Корса Д и Е, и службеното Пунто Ево. Арно ама, степените се многу интересно пресметани и се многу долги, така да, на отворено, на 120 км/ч, моторот врти на 2500 обртаи, и е изузетно пријатно и тивко внатре. Веќе од 130 па натаму, станува побучно.
Забелешки: нема лимитер заедно со темпоматот, паркинг сензорите се вклучуваат автоматски само кога се става во рикверц, при бавно возење напред, не се пуштаат автоматски. Може да испадне беља ако човек заборави да ги пушти, ама па во тој случај би требало City Safety системот да изреагира. Ми пречи што ги гледам греачите на предното стакло и ќе ми треба време да им се навикнам.
Сума сумарум, презадоволни сме од изборот, и мило ми е што успеавме да најдеме солидно возило кое ги исполнува нашите критериуми.
Дополнително, после подолго време возење „брод“, количево ме потсети дека возењето може (и треба) да биде и забавно
