Автор Тема: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!  (Прочитано 6755 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Здраво дечки. Скоро два месеци како почнав да користам греење во колата (Renault Scenic 1,5 dci 2007) и ми се случи (само) 2 пати да немам греење (не дува топол воздух). Автоматска/дигитална клима е во прашање. Колку и да е инцидентно, ме замислува работата и може е некое предупредување. Вчера проверив ниво на антифриз и беше малку испод минимум, дотурен е антифриз до максимум и сабајле немав греење во колата. Нема никаква трага дека негде тече антифриз (немам дамка на подот од гаражата). Јас се сомневам на две работи, или клапната не работи и не пушта топол воздух или „малиот“ радијатор/грејач за кабина не работи како што треба (ова чудо како да се провери дали работи како што треба, да не е запушено, да не пушта негде, како да го лоцирам, односно каде се наоѓа). Секое сабајле кога ќе ја запалам колата, слушам некој звук на шкрипење, цврчење кој трае 2-3 минути и после го нема а доаѓа од правев позади инструмент таблата. Работата е „од каде да почнам“ и што може сам да направам пред да одам кај некој, благодарам
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #1 на: 13 Декември 2019, 13:03:50 pm »
Не дува топло или не дува воопшто? Пробај на ладење како е состојбата.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #2 на: 13 Декември 2019, 13:28:47 pm »
@ARMEX Не дува топло, дува само ладно
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5555
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #3 на: 13 Декември 2019, 13:34:15 pm »
Греач ќе да нема за парното, него температура ти крева колата да не е термостат заглавен отворен ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #4 на: 13 Декември 2019, 14:22:11 pm »
@vladic3110 Си крева колата температура, постигнува работна температура....пред 2 дена приметив, на постигната работна температура на моторот и топло внатре, застанав во лер неколку минути и почна да дува млак воздух ама мислам дека тоа е нормално во ваква ситуација...
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #5 на: 13 Декември 2019, 19:23:26 pm »
Еве сега попладне на почетокот немаше греење (после постигнување на работната температура на моторот) а после одеднаш почна да дува топло, се сомневам на клапната за топол воздух
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #6 на: 13 Декември 2019, 22:19:10 pm »
Ми се имаше случено неколку пати и на Лагуната, прочепкав по нет и најдов дека проблемот е во некои сензори кои му даваат информации на климатроникот, сигурно е истата мака и кај тебе. Еве нешто за Лагуна и за сензорите, побарај за Сценик кај се ноѓаат

https://www.honestjohn.co.uk/forum/post/index.htm?t=90108

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #7 на: 19 Декември 2019, 10:45:23 am »
@n1kola Ти го реши проблемот со промена на некој сензор, како што видов на линкот, 4 сензори се во прашање

The 4 sensors are:
1 the evaporator sensor located in the "heating system" and fairly easily accessible from inside the passenger side, which could well be the problem one;
2 the interior temperature/humidity sensor located in front of the interior mirror;
3 the interior sun sensor on the top of the facia panel (round press in type sensor) &
4 the exterior temperature sensor - the dome that is below the LHS wing mirror
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #8 на: 20 Декември 2019, 09:48:28 am »
 Не, јас за жал ја продадов, додека беше во мене само 2 пати ми се случи така но се решаваше само од себе и не пробав ништо да менувам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #9 на: 20 Декември 2019, 11:07:47 am »
Преѓи бриго другоме ;D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #10 на: 20 Декември 2019, 13:02:18 pm »
Не, јас за жал ја продадов, додека беше во мене само 2 пати ми се случи така но се решаваше само од себе и не пробав ништо да менувам.
И кај мене се за сега се средува само од себе, се случува доста ретко....вчера приметив дека антифризот (кој претходно и го дополнија до макс) пак ми е на минимум, не покажува никаде дека тече, протекува, подлизнува, ќе приметев на подот од гаражата, има друг начин да го губи антифризот или нормално е тоа да варира од максимум до минимум?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #11 на: 20 Декември 2019, 13:12:17 pm »
Ми личи како да имаш воздух во системот.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #12 на: 23 Декември 2019, 10:24:51 am »
Пак е досипан антифриз па ќе следам овие денови, попладне на загреан мотор ќе досипам дестилирана вода до маскимум (сега е на минимум), ако пак се намали испод/околу миниум ќе ја оставам да го проверат системот комплет....
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #13 на: 23 Декември 2019, 10:47:22 am »
А немаш "ѕивана" на највисока точка, кога е моторот загреан да испуштиш воздух? Може е едноставно решението.

Sent from my Redmi


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #14 на: 23 Декември 2019, 15:29:31 pm »
@nekojtamu Мислиш да пробам да ја отворам капачката на резервоарот со антифриз кога моторот е загреан, да „издиши“ ?
Претпоставката е мајката на сите заебувања