Автор Тема: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!  (Прочитано 6627 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6667
  • Бенве сие бенве
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #15 на: 23 Декември 2019, 15:42:28 pm »
Ако немаш 2грама памет отвори ја...

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #16 на: 23 Декември 2019, 15:51:29 pm »
@nekojtamu Мислиш да пробам да ја отворам капачката на резервоарот со антифриз кога моторот е загреан, да „издиши“ ?
Не капачето. Некои возила имаат мало вентилче на највисоката точка од системот за ладење. Обично од тука се испушта доколку има воздух во системот.

Sent from my Redmi


Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4968
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #17 на: 23 Декември 2019, 16:10:25 pm »
И со само возење да отвори термостат 2-3 пати сам ќе се обезвоздуши системот. Насабајле отвори го капачето тури до максимум. Вози ден два и пак наутро види до кај ќе е. Има некои возила заебани се кога ќе се заглави некој воздушен џеб, јас на пежо 405 мака мачев да обезвоздушам.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #18 на: 23 Декември 2019, 20:16:05 pm »
Кога стигнав дома после работа, постигната работна температура на моторот, ја отворив капачката на резервоарот за антифриз, почна да диши нормално, без несакани дејства @МАРЈАН , и од испод минимум се искачи на максимум антифризот, ќе проверам утре сабајле дали пак ќе падне испод минимум
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #19 на: 23 Декември 2019, 20:36:52 pm »
Резервоарот всушност е експанзионен сад.
Нивото треба да се гледа на ладен мотор и треба да биде меѓу минимум и максимум.

Кога ќе загрее моторот нивото се качува малку за повторно да падне откако ќе се олади моторот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #20 на: 23 Декември 2019, 20:45:27 pm »
Слободно можеш да го отвориш капачето и кога е загреан моторот само бавно а не нагло. Нагло не смееш да го отвориш кога е прегреан над 120 степени.

Како што ти кажа @nekojtamu јас го имав истото со истиот мотор, неколку пати испушти така воздух и ќе се среди.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #21 на: 24 Декември 2019, 08:42:52 am »
@Tischläufer Знаеш каде е лоциран тој вентил за испуштање на воздухот како што пиша @nekojtamu , затоа што велиш си имал ист проблем на истиот мотор или може да се реши тоа со отварање на капачката на резервоарот со антифриз неколку пати, тоа не те разбрав
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #22 на: 24 Декември 2019, 11:04:21 am »
@Filip MK не знам дали ќе биде исто и кај тебе, еве ориентационо.


Од твоето кажување личи како да има воздух во системот.
Си менувал скоро антифриз?
Колку што успеав да видам, воздух вадат само по промена на антифриз.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #23 на: 24 Декември 2019, 12:46:31 pm »
Јас не сум го менувал антифризот на колата, на почетокот го проверив на колку степени е и тоа што приметив пред некој ден дека чат пат ми се губи парното. Откако досипав антифриз тоа со парното не ми се повтори (така и да остане, ме фаќаше страв од помислата да не се клапни) ама гледам варира количината на антифриз, веќе неколку дена е на минимум и не се помрднува (освен вчера кога ја отворив капачката да издиши и се качи до максимум, сабајле пак беше на минимум), следам овие денови, па да најдам слободно време и ќе ја однесам да проверат дали има воздух во системот
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #24 на: 24 Декември 2019, 13:23:02 pm »
Еве процедура за испуштање на воздух за К9К,
ама веќе испуштен ти е најверојатно.


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #25 на: 27 Декември 2019, 08:25:09 am »
Вчера пак немав греење, после 6-7 дена, за разлика од претходните пати кога антифризот беше на минимум и имав греење, вчера сабајле пред да тргнам на работа го проверив нивото и беше на максимум што ме изненади и немав греење тој ден. Кога стигнав на работа, пак го проверив нивото и беше на максимум. Кога се враќав од работа исто немав греење, се додека не стигнав во Припор по таа нагорнина. Како возев нагоре, температурата на моторот (која беше постигната на 90 во тој момент) почна да се качува нагоре (кај рено нема класична стрелка за температура, стандардно има 5 коцки кога е постигната работна температура), се качи на 7 коцки, кога застанав да ги оставам моите, температурата одма падна на 3 коцки и веднаш добив греење на колата. Кога проверив, антифризот беше пак на минимум (значи се вратил во ситемот, претпоставувам во казанчето, малиот ладник/радијатор)Се спуштив кај Митревски, му го објаснив ова и ми кажа дека нешто ме зафркава во системот, односно дека некое црево или дел од инсталацијата кај поминува антифриз е запушен и под притисок (кога ќе покачи малку температура на моторот над 90) се отпушува и веднаш добивам греење. Зафатен е до после божиќните празници инаку одма ќе ја оставев.
Јас тука се сомневам на термостатот, дека го држи антифризот, не го пушта до казанчето за парно и кога ќе дојде поголем притисок тогаш отвара и добивам парно. Секако би го проверил сензорот за температура на разладната течност, да не случајно му дава погрешни вредности на термостатот. Секако и тоа што спомнавте за воздух во системот. Ама ќе мора да чекам до после Божиќ.
Го сликав местото каде имаше малку антифриз, дали од пред 7 дена кога досипував па малку сум истурил (ама мислам дека би се исушил до вчера) или тогаш кога настанува поголем притисок од негде пушта, не можам да проценам








Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4968
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #26 на: 27 Декември 2019, 09:06:19 am »
Водна пумпа кога е менувана?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #27 на: 27 Декември 2019, 09:31:20 am »
@nikola_bb Пред скоро 50.000 км, кога е правен и големиот сервис, барем така би требало да биде, ќе проверам во сервисната
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4968
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #28 на: 02 Јануари 2020, 14:54:20 pm »
Сум сретнал и проблем водна пумпа да ме зеза и тоа не да тече, него некако педерски да прима од некаде воздух и цело време да се прават воздушни џебови во систем. Особено при возење на отворено подолг период.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Можен проблем со греење/парно во Renault Scenic 1,5 dci 2007 !?!
« Одговори #29 на: 09 Април 2020, 19:45:15 pm »
Сум заборавил да ја затворам темата, односно да информирам што беше работата во врска со повременото губење на парно и губење на антифриз, се работеше за дихтунг на глава, кој беше променет заедно со пропратните работи (шрафови и сл), главата проверена и беше во ред, обработена, вентилите наштелувани, успат променети греачите и некои бакарни подлошки чинам, се беше направено во Виталеда (главата не знам каде е носена и средена), еве веќе 2 месец се е ок, се надевам така и ќе остане
Претпоставката е мајката на сите заебувања