Здраво дечки. Скоро два месеци како почнав да користам греење во колата (Renault Scenic 1,5 dci 2007) и ми се случи (само) 2 пати да немам греење (не дува топол воздух). Автоматска/дигитална клима е во прашање. Колку и да е инцидентно, ме замислува работата и може е некое предупредување. Вчера проверив ниво на антифриз и беше малку испод минимум, дотурен е антифриз до максимум и сабајле немав греење во колата. Нема никаква трага дека негде тече антифриз (немам дамка на подот од гаражата). Јас се сомневам на две работи, или клапната не работи и не пушта топол воздух или „малиот“ радијатор/грејач за кабина не работи како што треба (ова чудо како да се провери дали работи како што треба, да не е запушено, да не пушта негде, како да го лоцирам, односно каде се наоѓа). Секое сабајле кога ќе ја запалам колата, слушам некој звук на шкрипење, цврчење кој трае 2-3 минути и после го нема а доаѓа од правев позади инструмент таблата. Работата е „од каде да почнам“ и што може сам да направам пред да одам кај некој, благодарам