Здраво живо другари. После подолго размислување и испробување на повеќе модели на автомобили конечно се одлучив за Мерива-А од 2007ма година со 1.7 дизел мотор. Увезена е од Италија а таму според кажувањата поминала 170.000км. За состојбата (добра) под хаубата разговарав со еден близок пријател-автомеханичар. За внатрешноста немам никакви замерки, целосно зачувана, фалат само гумени патосници и тоа е тоа
Од опрема поседува: клима, серво, АБС, подеслив волан во насока горе-долу,
електрика на предни стакла, фабрички затемнети задни стакла и тоа би било тоа. Особено добар впечаток ми остави просторот под бакажникот а над резервната гума каде што има простор за некои ситници од опрема со што бакажникот би останал чист од такви груби работи. Моментално е на сервис, филтри, улје и ребрастиот каиш па потоа започнува приказната :Р. Би ги замолил форумџиите кои го поседуваат овој модел да споделат некои нивни досегашни искуства со овој автомобил, како позитивни така се разбира и негативни.