Метал ли е? Или пластика? Мора да го извадиш и на оваа врата и на другата. Ќе го ишмирглаш убаво со не многу ситна шмиргла, ќе земеш спреј црн или каков сакаш. И ќе земеш лак безбоен.
Шмиргла крупна, шмиргла ситна, 3 тенки слоја боја, 5 тенки слоја лак. Меѓу секое фарбање барем по 4-8 саати сушење. Готово. Ако не знеш да фарбаш со спреј, прашај некој прво. Од 20-30 сантима прскаш, и како точки да се познава треба. Најтенок можен слој. Никако капки да се направат.