Автор Тема: Сменето моторно масло, ама не го покажува ниво на прачката за масло  (Прочитано 4744 пати)

Отсутен corsa-c

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 119
Здраво на сите,

Денес само што го сменав старото моторно масло на мојата Корса Ц од 2004-та 1.2 кубици бензинец. Го сменив маслото и филтерот за масло. Секогаш користам GM 5W 30 Dexos 2.

После смената на маслото го стартував моторот и си преде како маче, но сега не ми го покажува нивото на моторното масло на прачката на која се проверува нивото (покажува само една цртичка дека е полно). А кога го сменав маслото ми покажуваше три црти на прачката. Ја извозив малце и се е одлично - нема никакви проблеми. Знаете ли што може да биде? Инаку претходно сум немав вакви проблеми. Проверив да не има протекување од било каде од моторот ама нема - барут сува е одоздола.

Единствено што ми падна на памет е да побарам на Интерент и го забележав ова на YouTube https://www.youtube.com/watch?v=NwpkA0jFVqI. Ама немам ни ваков проблем.

Си помислив да не му треба подолго време додека слегне маслото доле во картерот за да покаже реално ниво?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Па дополни масло,шо е чудно...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен corsa-c

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 119
Па тоа ме чуди, јас купив кантичка од 5 кг од кои повеќе од половина му ставив. Мислам некаде уште 2 кг останаа во кантичката.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Sam menuvase maslo?
Dali  prv pat merese pred da go startuvas motorot prv pat po promena?
Filterot za malso povlekuva okolu 200ml maslo, a povlekuva otkako ke go startuvas motorot.
Dopolni na 3/4 od max , po nekoe vreme napravi proverka i toa e toa.

Отсутен corsa-c

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 119
Да, сам сменував масло. Инаку да, ми текна и на тоа сега, дека и филтерот може да земе додека се натопи целиот со масло. Проверката ја направив веднаш откако го сменав маслото и ми покажуваше на прачката полни цели три цртички. Ама еве сега ми покажува само едно цртиче.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Тој мотор собира точно 3.5 литри масло. Така да ако ти останале уште 2 дотури уште пола литро.

Отсутен corsa-c

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 119
Ај ќе дотурам, па ќе ви пишам за било какви новости.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Секое цртиче е 100ml, дотури уште 200-300.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Паметно, да не се појави потреба од "смукање" ;D

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Јас турив точно 3.5L на истиот мотор па смукав. Сега турам 3 наеднаш и другите 200-300мл со дотурање по малку. И на тубата со масло има цртички.

Проверка прави на загреан мотор, после 5-10 мин од гасење.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Многу се спомнува смукање, се ми се чини дека ќе се јави Ахтунг ;D

Отсутен Pane-G

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
Чекај бре , велиш штом си турил маслото според препорачана количина и го стартуваш моторот и после на мерачот не покажува маслото е па не бива бе така , почекај да се олади моторот и да спласне маслото до доле во коритото па тогаш види прачката , бидејќи кога се стартува моторот и маслото оди нагоре или циркулира па затоа не покажува мерачот по гасење на моторот


Sent from my iPad using Tapatalk
« Последно менување: 13 Јуни 2019, 17:48:21 pm Pane-G »

Отсутен corsa-c

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 119
Денес имам нешто работа, така што не можам да дотурам тие 100-200 мл масло. Инаку сабајле проверив и пак кажува само една цртичка на прачката.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Ти се скратила прачката, набиј ја поубаво! ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен corsa-c

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 119
Успеав да најдам слободно време и да ја ѕирнам колава. Повторно ја проверив, па дури и ја возев малце ама се уште покажува исто. Во прилог ви прикачувам и слики од кантичката со масло и прачката за проверка на ниво на маслото. https://prnt.sc/o1heay
https://prnt.sc/o1heso Се надевам ќе може да се гледаат сликиве. Сликано е 10-15 минути откако го изгасив моторот. А исто така, додадов и малце од маслото во моторот.