Да направиме еден апдејт на темава.
Пред две недели сакав да ги извадам тркалата за да ги исчистам бандажите од внатрешната страна,но не можев да ги развртам штрафовите,два штрафа дури и се оштетија.Се решив да ги сменам сите штрафови кај сервис Клинчар во Неготино,пробаа да ги развртат двата штрафови рачно но безуспешно.
Веднаш отидов до Стоп&Го да ги развртат сите штрафови ,бидејќи таму ги менував гумите,и рачно да ги стегнам самиот.Едниот од оштетените штрафови пуши,другиот се разјаде скрос.На задната лева гума со малиот пневматски пиштол не можеа да ги развртат,па го земаа големиот и после 15-20сек. на максимална сила за развртување подесен со него едвај се развртија шрафовите.
Дечкото уште кога му реков дека не можам да ги развртам штрафовите ми рече
-Абе чичо само со пневматски пиштол одвртување рачно неможе,зошто рачно да ги развртуваш.
Па му реков''Чичо на патот ако му се дупне гума,пневматски пиштол ти ли ќе ми донесеш за да ја сменам гумата''
Me пoгледна со збунета-тупа-срамлива фаца и ја наведна главата.Сите штрафови се развртија освен еден.
Кај школски мој кој работи лимарија и што уште не,ми рече дека ќе го разврти штрафот.
Се мачеше,вареше,наваруваше штраф-мутер но на варот се кинеше.На последното наварување ми рече ако и овој пат не се разврти штрафот да си барам друго чаре.За среќа пушти,и ми рече дека до сега ова му е најмачно изваден штраф од тркало,а месечно по два-тројца му доаѓаат со истата мака.
Сите штрафови на тркалата сменети со нови,сите стегнати рачно----------------- 1200ден.
Бандажите исчистени
Пред
Потоа
До сега имам нешто над 2000км поминато со Аудито,сега за сега си е супер.