Автор Тема: Извоз на патничко моторно возило од Македонија и увоз во Германија  (Прочитано 15176 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
"Проблемот" со србите не беше за ништо друго туку за кеш. Биди спремен и ти да го јадеш немиен кај нив.

Најголем проблем со кој ќе се соочиш е вадењето на Т1. Т1 не даваат на македонски табли, само на цол. Значи прво ќе мораш да нарачаш цол, да ги одјавиш старите кога ќе ги земеш цол табличките, да земеш Т1 и за 24 евентуално 48ч, мада не верувам дека ќе ти дадат Т1 за 48ч, да фаќаш магла од Македонија. Ако нешто не ти е јасно пиши ми во пп, ќе ти дадам бројче да исконтактираме.

Искрено, ти посакувам многу, многу,многу, ептен многу среќа по лавиринтите на македонската хаос администрација и пиши како си поминал на крај.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6091
  • 69
Cisto samo me interesira ete da sakas da se vratis pak vo MK toj golf posle kje treba da go uvezes pak nazad so carini i davacki ?

Никој не се вратил во дувлово кое е обид за држава одкако си заминал од неа.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6299
  • Бенве сие бенве
Ја знам неколкумина што се вратија

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Отсутен d_angelovski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Конечно, завршив работа, во време на корона  ;D

Да го објаснам и мојот случај. Сакав да си ја земам колата во Украина, каде имам траен престој. Може да се каже дека Украина има исто лоши бироктратски процедури како Македонија, така да тој што ќе успее да помине со ова, и тоа во време на корона кога границите се затворени, за мене се родил на ново во животот и има шанса да почне од 0 :)

Како прво да се заблагодарам на авторот на темава @Дибидус кој го погњавив за процедуриве.

Имено, испадна дека за МК / УА, не ми треба Т1, така да иако од старт се распрашував за тој начин, кој и со мој пријател од шпедиција не ми се нафати да ми среди, завршивме работа со обична извозна декларација. Колку што јас сфатив, Т1 не треба, него може со обична извозна, е сега земјата кај што се носи возилото може да бараат Т1. Германија може треба, па мора од МК да се средува, а за Украина не требаше. Но мислам дека имав само Т1 од влез во Украина до нивната царинарница во Киев каде што продолжи процедурата. Ќе објаснам за ова подолу, па да почнеме:

Прво, сакав да видам дали имам можност да ја однесам колата на моите табли, да не вадам Цол. Тоа не можеше поради фактот што во Украина ми бараа извозна декларација (не им е битно какви таблици), а во Македонија не ме пуштаа со извозната декларација на мои таблици, ми рекоа дека мора да ја транспортирам на камион или приколка, не може да ја возам во тој случај.   1 извозна декларација поништена, 1:0 за МК царина :)

Втор обид. Отидов во АМСМ Битола (на излез кон Грција) да барам Цол табла. Ми рече да му однесам извозна декларација. Пак се вратив кај другар ми шпедитер. Дај ми извозна декларација. Тука лежи проблем број 1 за цела работа од кај нас. За да отвори извозна декларација, мора да внеси број на таблица. Не можи да внеси старата таблица, мора бројот на Цол таблицата, пошто со неа се извезува. Што е постаро, јајцето или кокоштата? Го земав другар ми, одиме во АМСМ и му викаме на жими мајка, ќе му дадеме извозна декларација, дај ни број на таблица. Тој се јави во Скопје (Раде Кончар), кај што ги прават Цол таблите, им рече "имаме извозна, дајте ни бројот на таблица". Од Скопје дадоа бројчето, преку телефон, и сега можевме да креираме извозна декларација (без таблица).    Морав да одам Скопје да си ја подигнам таблицата. На враќање, среќен дека имам Цол табли, можев да се спремам за тргнување. Но тоа не е се.

Трет обид.  Корона, понеделник ги земам таблите, а веќе на вести објавија дека се затвараат границите. Фак. Јебига, се останува понатаму, цол таблите се во мене, извозната декларација отворена си стои, ама не можам ништо да направам. Ми се јави од АМСМ ми ги побара таблиците, ги оставив кај нив на чување до наредно. Поминува месец и нешто. Преку Украинска амбасада конечно не организираат да се вратиме во кордон, со други заглавени во Македонија. Имам рок 1 ден да досредам документи и да заминам.

Последен успешен обид. Сега знам дека имам Цол табли (на чување). Ми треба нова извозна декларација. Знам одма кај треба да одам. Одам и вадам нова декларација. (другар ми веќе има темплејт направено за мене, само File->Print треба да направи  ;D  ).  Одам во АМСМ. Таму правам одјава веќе, (од моментот на одјава, имам 15 дена траење на цол таблицата). Одјавувам, плаќам на ново технички преглед, патишта, сите процедури комплет. Плаќам на ново 15 дена осигурување за МК, зелен картон. Колата конечно е одјавена, и ставена на Цол табли. Одам до граница, да ми заверат. Заверив. Сега можам да излезам. (со мене имам нова сообраќајна на цол таблите, и старата / одјавена, заедно со обична извозна декларација).

По неколку дена, се собираме во Скопје, цел кордон коли, и одиме на граница. На МК граница чекавме 2/3 саати (за мене немаше никакви дополнителни процедури, со извозната декларација не требаше никаде да одам и да ми удираат печати или не знам што, секаде најнормално си поминав како со обично возило). Тоа со Т1 претпоставувам е дополнителното малтретирање. Низ Романија, дел од патот одевме со полициска придружба. Дојдовме Украина касно, во 2/3 саат сабајле. Делот документи за Украина:

- Увозна декларација (претпоставувам ова е тоа Т1) од Украинска граница (точно се наведува кај се прави влез) до Киевска царинска испостава. Тоа ни го среди шпедитер од Украина во претходен договор со него за каде и кога ќе поминеме на граница. Имено тој документ се отвара од таму од него, и на база на него се плаќа царина и данок ПРЕД влез во Украина. Мојата кола, тоа беше некаде 2.300 евра. Кога стигаме Украина, мора да го покажеме него, пошто без него нема да влеземе.
- Акт на увид од граница (дека ви ја прегледале колата и документите, и се е во ред, па со тој документ продолжувате во Киевска испостава).

Кога стигнавме Киев, бевме во карантин, а царинењето мора да се заврши до 10 дена, па пошто јас не можев ради карантинот, пратив пријател и шпедитерот, средија на царината. Остана уште "технички преглед" или хомологација (тука се вика сертификација), и нивно МВР за таблици. 

Трошоци:
Македонија:
- Шпедиција и давачки околу тоа 4.500 мкд
- Наново технички преглед при одјава и извоз (стандардно, не памтам колку беше)
- Осигурање и зелен картон за 15 дена, околу 3.500 мкд
- Пат до Скопје и назад по Цол таблите

Украина:
- Шпедиција и давачки околу тоа: 10.500 мкд
- Царина и даноци: 2.350 еур
- Хомологација (или сертификација) околу 6.500 мкд
- Поставување во нивно МВР (и таблици) околу 12.000 мкд
- Осигурање околу 2.000 мкд

Вкупно (приближно):  3.030 евра

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14006
  • Пудингот на шоферството
Остај ти извозни,увпзни декларации,дај кажи со пи..ца шо прајме.Нека помини ова со кпроните и да ти дојдиме таму Киев,да се испукаме ко луѓе.

п.с многу пари те фатила  целата процедура.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11685
  • Архитект
Секоја чест за маката и нервозите кои си ги истерал.
Ама морам да прашам нешто.

Како ти се исплатеше цела оваа работа да ја правиш за една Шкода? Продај ја тука. Купи си таму иста таква. Сигурно и поевтино ќе си поминел.

Отсутен d_angelovski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Секоја чест за маката и нервозите кои си ги истерал.
Ама морам да прашам нешто.

Како ти се исплатеше цела оваа работа да ја правиш за една Шкода? Продај ја тука. Купи си таму иста таква. Сигурно и поевтино ќе си поминел.

Некои работи не се заради пари. Едно, моја е колата и сум прв сопственик па не ми се даваше. Друго, да ја дадев на оглас, требаше или да спуштам испод цена па да ја продадам брзо, или да ставам пазарна цена, па да чекам купец неколку месеци. Ако спуштев цена, па да купував иста, пак ќе ги дадев тие пари, а не ќе знаев што имам купено. Така да, потрошив нерви и пари, ама цело време сум со колата (реални потреби).

И размислував за таа варијанта, скоро сите ми рекоа дека ќе има доста малтретирање, подобро да ја продадам. Жртвата што ќе требаше да ја направам е да останам во МК дури да ја продадам, што не бев спремен да го направам, или да заминам без кола, па да чекам купци, и тоа не бев спремен да го направам, пошто Киев не е мал :)

Отсутен Rosso Corsa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96

Се допишувам со една украинка., на која не и оди баш англискиот.
Ако нешто биде повеќе, можеш ли да помогнеш со јазиков, ако притреба?

Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205

прати ја кајмене не знам уркраински ама ќе се снајдам
:D

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Конечно, завршив работа, во време на корона  ;D

Значи имало и друг будала. Не сум бил сам :)

Драго ми е што си завршил работа и тоа во време на корона. Со здравје да си го брмчиш на новите таблици.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Секоја чест за маката и нервозите кои си ги истерал.
Ама морам да прашам нешто.

Како ти се исплатеше цела оваа работа да ја правиш за една Шкода? Продај ја тука. Купи си таму иста таква. Сигурно и поевтино ќе си поминел.

Некои работи не се заради пари. Едно, моја е колата и сум прв сопственик па не ми се даваше. Друго, да ја дадев на оглас, требаше или да спуштам испод цена па да ја продадам брзо, или да ставам пазарна цена, па да чекам купец неколку месеци. Ако спуштев цена, па да купував иста, пак ќе ги дадев тие пари, а не ќе знаев што имам купено. Така да, потрошив нерви и пари, ама цело време сум со колата (реални потреби).

И размислував за таа варијанта, скоро сите ми рекоа дека ќе има доста малтретирање, подобро да ја продадам. Жртвата што ќе требаше да ја направам е да останам во МК дури да ја продадам, што не бев спремен да го направам, или да заминам без кола, па да чекам купци, и тоа не бев спремен да го направам, пошто Киев не е мал :)
Се допишувам со една украинка., на која не и оди баш англискиот.
Ако нешто биде повеќе, можеш ли да помогнеш со јазиков, ако притреба?

прати ја кајмене не знам уркраински ама ќе се снајдам
:D

Da ne bide onaa starava. Kolku se macev za tebe, odvaj napraviv za sebe :) :)
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен packetloss99

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
@Дибидус секоја чест, благодарност до тебе за споделувањето на голготата шо си ја истрпил. Никаде на интернет или на МВР сајтовите, не најдов инструкции, упатства или документи за извоз на возило и увоз во друга(Германија во случајов) земја. Секоја ти чест.

И јас планирам да поминам низ истово, сеуште е рано како и да е, мегутоа и овој пост дефинитивно многѕ ми помогна. Сега кога веќе си поминал низ оваа процедура, дали го препорачуваш истово сценарио, или можеби e подобра опцијава што ја спомна @Nakolce, да се одјави возилово во МК и да ја пуштиш по шпедиција?

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
И јас планирам да поминам низ истово, сеуште е рано како и да е, мегутоа и овој пост дефинитивно многѕ ми помогна. Сега кога веќе си поминал низ оваа процедура, дали го препорачуваш истово сценарио, или можеби e подобра опцијава што ја спомна @Nakolce, да се одјави возилово во МК и да ја пуштиш по шпедиција?

Јас сум повише за садо мазо опцијата  ;D
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
ја читав повторно темава, бидејќи 2 колешки си ги донесоа колите (пред истек на 1ва година од преселба во Германија) на МК таблици, и цела процедура без компликации си ја завршија таму во Германија. Дали на крај одјавуваа таблици во МК или нешто слично, не би знаел, и ако се прави, дали го правеле они лично или иде преку службите таму. Ама во секој случај многу едноставно си ја изведоа процедурата и сега не ми е јасно зашто членот Дибидус морал да ја тера вака работата за да му побеле косата.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14006
  • Пудингот на шоферството
Ne zaboravaj deka se raboti za Makedonija.Ne mozi za edna ista rabota dvaj a da pominat na ist nacin.Kolku lugje tolku nacini ke izlezat.
Zatoa i se iseluvame. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D