Автор Тема: Прекрасно искуство со Suzuki Swift, негативно искуство со Миркат Скопје  (Прочитано 23044 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
@Sephiroth

Одлична комбинација на боја, дава живот, се гледа дека стои на Свифтот.

Чисто за инфо, од сите бои на кола, црвената е најподложна на бледеење, колку можеш пази ја со оној восокот на Сонакс со црвен пигмент.
Моите црвени коли никогаш не избледеле.
Ќе постирам слики од меганот, сликано пред да го продадам, 11 години стар, никогаш полиран, во соодветна тема...

Sephirot, уживај и ич не се секирај...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6015
  • 69
Честитки и со здравје да се вози. Ти посакувам на совозачкото седиште да ти се појави некоја бледуњава флека :D :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен bear

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 804
  • If you can dream it, you can do it.
Честитки и со здравје да се вози. Пази, немој во кола да "работиш", имаш по неквалитетни сунѓери во седиштата.  ::) :P
« Последно менување: Април 03, 2019, 21:10:38 pm bear »
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен sasemkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Kolku ti spustija??
Prasuvam zosto sakam da ja zemam vitarata 1.4.  17000 euro

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1178
Мојата прва кола беше Свифт купен од Максима. Па за тие шупци можам да напишам 1000 страни и малку ќе биде. Не за џабе изрикаа



Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6165

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5927
Ракета
Мераци, одамна требаше да го сменат 1.6 атмото. Мислев дека кога влезе VW ќе земат од нив мотори, ама ништо не бидна од тоа. Не знам чив е овој мотор, фиат можеби?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11294
  • Архитект
Нивни мотор е.
На сузуки.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 317
Денес ми го монтираа наслонот за рака во сервис. Процедурата траеше помалку од 1 час. Сега конечно автомобилот ми е комплетен. #drivinglikeagospodin

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 27833
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Централен наслон е обавезна работа во секоја кола. Кога ќе се навикнеш на него, а го нема - многу ти фали.

Отсутен martint

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
@Sephiroth, и како после година ипол Свифт Хибрид? Потрошувачката како му се движи?

Од сервисот и поддршката на Миркат задовелен си?

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 317
@Sephiroth, и како после година ипол Свифт Хибрид? Потрошувачката како му се движи?

Од сервисот и поддршката на Миркат задовелен си?

Презадоволен од колата. Потрошувачката зависи од тоа колку ја стискам и од климата, ама не иде над 6.2 во град. Ако внимавам, знае да вози и 5.0-5.2. На автопат троши помалце, логично.

Првиот сервис ми помина релативно океј во Миркат, испаднаа 11000 километри, со тоа што ми го заменија и филтерот за воздух за +2000 денари, па сервисот испадна 7000+ наместо ветените 5000+. Мислам дека немаше потреба да се менува филтерот за воздух, ама мора да иде на сервис колата и да менуваат тоа што мислат, јебига. Кога ќе истече гаранцијата ќе ставам еден K&N филтер и мирна глава.

Штета што не ја носат оваа верзија на Свифтот веќе. Сега може да се купи само со послабиот мотор, што според мене е досаден малце. Прошлата недела се качував/симнував на Стража, немаше ич гужва, па си поиграв малку формула 1 во втора-трета. Греота е да не ја купи чоек со овој мотор.....

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 261
Na pocetok procitav deka si poracal 1.0 hybrid a sega si pisal deka samo so 1.0 moze da se kupi  :-\
Koj motor go vozis bidejki potrosuvackava ti e za niz skopje odlicna

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 317
Na pocetok procitav deka si poracal 1.0 hybrid a sega si pisal deka samo so 1.0 moze da se kupi  :-\
Koj motor go vozis bidejki potrosuvackava ti e za niz skopje odlicna

1.0 турбо хибрид имам, ама го купив лани во март. Од лани септември има нови правила за емисии во Европа, па го повлекоа 1.0 турбо (и хибрид и без) од продажба кај Swift-от, и остана да се продава само атмосферецот 1.2 хибрид. Се надевам дека е појасно сега.

Отсутен adjolev

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Здраво, пошо јас купив сузуки балено од 2017та година, дали имаш искуство со апдејт на мапите и на фирмверот дали си прашал во сузуки како иде тоа? Сакам да ги апдејтирам мапите на навигацијата пошо се од 2017 година. Исто гледам некои го апдејтираат софтверот во кола со усб нешто се прави но дали си имал искуство со ова и дали си прашал во сузуки?