Здраво дечки.
Сакав да го споделам моето, непријатно по моја вина, искуство со купувањето на нов автомобил. После тестирани неколку возила, изборот ми падна на Suzuki Swift 1.0 хибрид. Прво нешто што забележав е дека нема наслон за рака во опремата и му реков на продавачот дека не купувам кола без наслон. Ми рече дека нема проблем, ќе ставеле. Оставив 18000 денари капар со кредитна картичка за да ми го нарачаат свифтчето, бидејќи го немаа на лагер во бојата што ја барав. Притоа, не ми кажаа крајна цена, туку продавачот ми рече дека ќе зборел со шефот за да ми направат да испадне под 15000 евра. Мене за кредит од банка ми побараа профактура за да го почнат процесот. Продавачот ми напиша профактура на 15000 евра, да сум имал по за до банка, а он со шефот ќе зборел да ми симне уште 200 евра. Притоа во профактурата не ја наведе целата опрема на колата, наводно оти имала премногу опрема и немало место. Од банка го почнаа процесот, со тоа што ми рекоа дека треба да им ја доставам оригиналната крајна фактура на крај. Колата стигна, сумата беше платена. Отидов да ја земам ииииии што да видам! НЕМА НАСЛОН ЗА РАКА! Му викам на продавачот, абе нема наслон за рака, нели рече ќе ставиш! Ми одговори дека не се сеќава дека сме правеле таков муабет (дрскооо!). Наредниот ден (сабота) ми се јави дека ми средил во понеделник да ми монтираат наслон, ќе сум го плател 4-5000 денари наводно по набавна цена. Понеделникот не стигнав, отидов денес. Продавачот бил денес болен наводно, ми рекоа да одам во сервис. Во сервис немаа појма што им зборам и ми рекоа дека наслони немале на лагер 3-4 месеци, а не па да ми монтираат. Се качив горе кај шефот, ми вика дека не бил запознаен со ситуацијата. Му викам, како бе! Па продавачот ми рече дека искомуницирал со вас веќе! Чоекот фино лепо рече дека испорачал се што пишува на фактурата (оригиналната, на која што има све освен наслонот) и тука си ја сфатив грешката. Сфатив дека продавачот ме изиграл поштено и дека шефот сега го покрива. Им реков да ми го вратат капарот, и тоа е тоа од нив. Сега си го чекам назад капарот на трансакциона. Сам сум си крив што не побарав све на писмено, туку му верував на продавач чија работа е да лаже луѓе за пари. Поука од приказнава е дека секогаш треба да барам све на писмено.......А на Миркат СРАМ ДА ИМ Е!
Иначе количето е топ, презадоволен сум, само деснава рака нешто ме боли.....