Автор Тема: Ново возило до 18000 евра  (Прочитано 64385 пати)

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #15 на: 25 Јануари 2019, 09:24:10 am »
Од денес почнувам да одам по салони и да гледам ново возило. Имам мазда 3 бензин 1.4 (на плин) исто купена нова. Таа ќе ја продадам и сакам да си купам ново ауто. Годишно поминувам некаде околу 15000 км, така да само дизел ми иде у опција. Инаку сме 4-воро члено семејство, значи сум за фамилијарно возило. Денеска бев во салоните на пежо, нисан и тојота. Нисан отпаѓа одма бидејки немаат ништо за таа сума на пари. Во тојота ја имаат королата со појаката опрема (само таква имаше) за 17000, ама некако тој мотор за толкава кола не ми иде. Во пежо го гледав 2008 за 17500, ама внатре многу оскудно. Позади прозори на рачка, како во пезетка. Продолжувам од утре пак по салони (зависи како ќе имам време) па ќе пишувам за моите впечатоци, а вие слободно давајте предлози.

За некоја година дизелот ќе ти стане поскап од бензинот.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #16 на: 25 Јануари 2019, 09:24:25 am »
@Deni
Ја па пред да искоментирав видов на порше дека има 1.4 тси за 19к. Ваљда може да падне попуст на 18к со мало ценкање, бар тоа читав по форумов, увек може да се обори барем 1к по салониве, или не?


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #17 на: 25 Јануари 2019, 09:29:37 am »
...

Другар тука подобро ќути си и не препорачувај туку така. Ќе јадеш ќотек од нинџите.  ;D

пс. За тие пари Октавија. Најразумен компромис. Или Корола 1.6. Ако си мерак на дизел, 1.4 д4д е одличен мотор. Кај мене беше со пет брзини и беше многу добар. Со шест брзински менувач, ќе биде одличен.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #18 на: 25 Јануари 2019, 09:45:18 am »
За 18к ќе си земеш голф дизел со уште нешто + опрема од основната. Е сега дали караван или обичен е до тебе и до лагерот/нарачките кои ги направиле Порше.

Тоа што голфот е на крај на производство е добра работа - испеглани се сите маани.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #19 на: 25 Јануари 2019, 10:06:15 am »
...Годишно поминувам некаде околу 15000 км, така да само дизел ми иде у опција. Инаку сме 4-воро члено семејство, значи сум за фамилијарно возило. ...

Прво, тргни со фактот дека е 2019-та, а размислуваш како за 2005-та, т.е кога земјината топка беше погонивана од 2 врзани 1.9 тди модори
Второ, расчисти што за тебе (не за другите) значи 4-воро члено семејство на кое му е потребна фамилијарна кола, односно дали ќе е единствено возило во семејството и дали од тие 15К годишно 3К се на отворен пат.

Трето, повози:
 - Форд Екобуст
 - Голф ТСИ
 - Леон ТСИ
 - Октавија ТСИ
 - Пежо 308 ТХП

Четврто, избери фо она од погорните кое ти прави најмногу ќеф, т.е. каде ќе добиеш најдобар пакет за сумата (сите се зимаат во твојот ценовен ранг).

Петто, не не заборавај и после еден месец пиши тука каква боја Спортаж си порачал  :)

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
  • Сузуки Витариче
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #20 на: 25 Јануари 2019, 10:31:15 am »
Ако гледаш Октавија, тогаш дизајнот не ти е на високо место во барањата.
Во тој случај ѕирни и http://mirkat.com.mk/suzuki/cars/cenovnici/Cenovnik_Suzuki_S-Cross.pdf со 1.4 турбо мотор во GL+.
Мислам крајната цена ќе биде околу 18000.
Потпис.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #21 на: 25 Јануари 2019, 10:44:59 am »
@Deni
Ја па пред да искоментирав видов на порше дека има 1.4 тси за 19к. Ваљда може да падне попуст на 18к со мало ценкање, бар тоа читав по форумов, увек може да се обори барем 1к по салониве, или не?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Март 2017та.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #22 на: 25 Јануари 2019, 10:51:08 am »
ее јебига

Отсутен Pane-G

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #23 на: 25 Јануари 2019, 11:08:35 am »
Само Октавија ,Голф и Пежо тие било кои да ги земеш и ИЧ не се замарај само така кога ќе ви помине меракот е тогаш полесно ќе продадеш , а другите ЈОК никој не помислува иако се добри и тие


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk

Отсутен eko13

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #24 на: 25 Јануари 2019, 11:24:58 am »
Ако ти е страв од висока потрошувачка еве ти една статија за потрошувачката на Пежо 308...ОК ова е во утописки услови ама сепак нема многу да ќариш со дизелот а ќе ја купиш поскапо и ќе имаш поскапи трошоци за оддржување.


https://www.carsguide.com.au/car-news/peugeot-308-sets-fuel-record-28330



п.с. бев ептен загреан за Голфот и нема кола што не ја пробав во тој ценовен ранг....крај на Декември нарачав 308 1.2 130кс, испорака ќе биде Март годинава и сметам дека за таа цена што ја платив извадив фамилијарна кола со страшно многу опрема и фантастичен мотор.
п.с. далеку испод 18.000 еур



Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #25 на: 25 Јануари 2019, 11:25:53 am »
Само Шкода Октавија Бајо мој.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #26 на: 25 Јануари 2019, 11:55:55 am »
Ако ти е страв од висока потрошувачка еве ти една статија за потрошувачката на Пежо 308...ОК ова е во утописки услови ама сепак нема многу да ќариш со дизелот а ќе ја купиш поскапо и ќе имаш поскапи трошоци за оддржување.


https://www.carsguide.com.au/car-news/peugeot-308-sets-fuel-record-28330



п.с. бев ептен загреан за Голфот и нема кола што не ја пробав во тој ценовен ранг....крај на Декември нарачав 308 1.2 130кс, испорака ќе биде Март годинава и сметам дека за таа цена што ја платив извадив фамилијарна кола со страшно многу опрема и фантастичен мотор.
п.с. далеку испод 18.000 еур
Супер си направил. Возило со одличен простор! Правилен избор.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #27 на: 25 Јануари 2019, 12:20:21 pm »
Уште пред 3 години не ми се купуваше дизел со тогашните цени на горива не па сега :) иако цената на горива немаше голема улога во мојот избор.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #28 на: 25 Јануари 2019, 12:30:24 pm »
Ве читам и искрено не сваќам.
Изборот треба да биде после тест возење кое возило со кој мотор најмногу ќе го бендиса.
Дали дизел или бензин сеедно, што толку против дизел.
Јас на пример земав дизел возило, и уште сто пати да бирам пак дизел ќе одберам зошто начинот на кој се движи ТОА возило со дизел мотор мене повеќе ми се свиѓа.

едит: Без муабети дека у Германија го забрануваат дизелот дрн дрн... вчера бев на некоја дешавка/презентација на DKT- Secure Trafic Solutions, и ако до вчера мислев дека сме 50 години позади нив вчера сватив дека сме 100 години позади нив кога е во прашање свеста за сообраќајот.
Дизел е супер опција за кај нас, ако не возиш по 2 км во правец дневно.

Инаку вака на прва за оваа сума изгледа дека има огромен избор а усвари многу заебана сума е, мал мотор со опрема или голем мотор гола кола, двете нема за овие пари од компакт класа.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #29 на: 25 Јануари 2019, 12:35:18 pm »
Еве и јас малку да ги измешам брзините.

https://www.alfaromeo.mk/promotions/alfa-romeo-giulietta/

Чим на Марјанот му паша со 3 деца. Тебе сигурно ќе ти одговара со 2.