Дечки, вака... Најдов Голф кец, уште е со старите регистарски таблички од местото каде живеам а до сега никогаш не сум го видел да се вози, што значи дека веројатно стоел во гаража можда 10 години. Луѓето живеат во Австрија и пред месец дена го видов голфот во нивниот двор ама кога му пишав да го видам не беа во МК и ми кажаа дека ќе ме известат ко ќе си дојдат (значи е за продажба)
Голфот е зелен, каросериски од далеку изгледа како фабрика буквално без корозија (за подвозје незнам) Му ставиле долги штопки позади (
https://imgur.com/a/gjhq7OR) нешто налик вака ваљда се некоја понова верзија сигурно некој знае повеќе и веројатно се клаени накнадно (не се фабрички).
Прашањето е следново. Доколку Голфот стоел во гаража повеќе години, што МОРА да се смени освен каиши масла. Дали моторот ќе "вози", дали треба ремонт. Колку тоа би ме чинело и колку вреди еден таков голф во таква состојба? Веројатноста да се први сопственици па и да е купен во МК е можна.
@MartinAlfista даде еден совет. Повелете надоврзетесе
Уште пред да пробаш да заверглаш, мој совет (верувам и сечиј) би бил менување на сите течности:
- масло во мотор
- масло во менувач
- глицерин во кочници
- антифриз (претходно целосно перење на системот со вода)
- гориво (испуштање на старото, ставање на свежо)
Проверка и менување по потреба на:
- сите црева за ладење
- сите вакуумски црева
- (ако е бензин) кабли на свеќици
- (ако е бензин) промена на свеќици
- (ако е бензин) испирање на карбуратор
- гуми
Непланирани трошоци:
- запечени клипчиња на кочниците
- залепен куплунг
- запечени сајли за куплунг или рачна кочница
- разно
За колку тебе ќе те кошта стварно немам претстава, веројатно знаат
@darko mk5,
@GTI16V,
@Lhasa Green или Дарио со Голфовите (не можам никнејмот да му го погодам). Не ја знам достапноста на деловите кои би ти требале, затоа е тешко да се каже трошокот.
Ако е колата во таква состојба како што викаш, прво купи ја за нормална цена па после мисли му ја за палење, за делови и така натаму.