Така е, Германците возат 200.000км за 3-4 години и си ги продаваат колите, а ние ќориме по нивните огласи и си викаме таму тече мед, млеко и нафта.
Таму возниот парк е со просечна старост 2 години.
Цитирам "25к е натпросечна километража, дури и за просечен Германец."
Се реши ли колку се вози во Германија? Ко Амди вртикапа ти се муабетиве,ама битно контра да се иде
Нема јас што да се решам, живејте и понатаму во илузии дека конобарот, службеникот на шалтер, медицинската сестра, и еден куп просечни Германци цепаат по 40.000 годишно и едвај чекаат да си ги продадат колите по 5 години.
Зарем мислиш дека тие луѓе во Германија возат нови коли од 40к еур за да ги продадат по 10 години со 100-150ккм?
D-r Ordevski
Без демагогии и задржи го фокусот на темата, Доктор си.
Просечен/нормален возач и нивната општа просечна километража.
Не знам како е битна мојата вокација или работното место во разговорот.
За потсетување, темата е совет за одредени возила за кои е заинтересиран членот и сите се трудиме да му помогнеме и да укажеме дека нема таква кола во Германија или било каде за таа сума со саканата километража и соодветно да биде спремен на можни проблеми доколку се одлучи на таков чекор. Затоа и мој фаворит и препорака од се што понуди членот е Фокус бензин со плин и позната историја.
Кога сме кај просечниот германец, (зборуваме за германец, а не Македонец, турчин, Арап или слично што живее во Германија) кола купува според потребите и можностите. Таму не се купува БМВ, Мерцедес, Ауди итн доколку не може да го одржува соодветно. Премиум автомобил, сакале или не, има потреба од скапо одржување. Цената на резервни потрошни делови, кочници, турбини, гуми со специфични димензии е поголема од цената на други автомобили. Ако просечен германец не планира или нема потреба да минува голема километража не купува премиум автомобил.
D-r Ordevski