Да не ја читам целава тема.
Бидејќи сум од Битола и спремав исто ваков Голф (дури иста боја), знам кој ги ставал и маскиве (или од кого се купени). Беа на виолетов Голф 1.
Се работи за ТАС-овец (Сараевка) со 1.3 мотор и 60 коња.
Моторот јас го „фризирав“ ама бев глуп и млад и се заебавав многу да извадам малку коња, место да си купам 1.8 16V што ми го нудеа за 300 евра

1) Немаш вакуум на кочници на 1.1 и 1.3 мотор т.е читај НЕМАШ ФАКИН кочници! Гној!
2) Најверојатно меката врска со карбуратор и издувната е скината и тешко дека ќе најдеш. Јас едвај најдов. (мислам на другите мотори ова полесно ќе го најдеш ако го има воопшто не знам). Најверојатно „курето“ на издувната грана е заварено, па тешко ќе ти пали зимно време.
3) Што се однесува до корозија, тоа е се релативно. Имај во предвид дека се стари коли и СИГУРНО се китирани колку и да биле пазени. Башка ако е возена Битола, на толку сол шо се фрла зимно време сигурно е крпена одоздола. Не очекувај зачувана кола.
Мој совет, не си ставај трн во нога. Мене ме кошташе многу да го напраам мојот. Многу!
Треба да имаш ептен мерак и да жртуваш доста пари, нерви, знаење да се зафаќаш да средуваш Голф 1. За среќа имаш 2-3-ца на форумов што машки средиле кецеви па можат да ти помогнат и сигурно знаат доста.