Не сум експерт за новите бош мотроници кои ги вградуваат VW и остали, ама кога не сте УПАТЕНИ НЕ КОМЕНТИРАЈТЕ од аспект на ЛОГИКА!!! Јас комплетно се сложувам со сВе што кажавте, ама праксата е друга! Што ако дел од параметрите (пр. бараниот БУСТ) после ремапирањето е прогресивен, или на некој начин self-learning поради заштита на самиот мотор, те. следење на однесувањето на моторот, греење, мисфајер, детонација, и што ти ја знам друго... Затоа пишете си email ако не ви се верува, и не трескајте од ѓутуре факти или логики...
Џем, никој не треска, туку дебатираме. Немораш агресивно да настапуваш.
Логика мора да постои. Во спротивно Е ке биде различно од м по це на квадрат, а не еднакво.
Параметрите кои ке се сменат после неколку извозени километри се минорни.
Да, точно е дека се возело по една мапа, сега моторот има друга, односно друго оптеретување и слично, но тоа е во граница, односно толеранција.
Моментот што го спомна околу self-learning е сосема ОК и тоа држи вода, но донекаде.
Имаш кола од 200 коња. Ја ремапираш и ја правиш 220, истото се покажува и на дино.
Практично колата ти е за 10% појака, колку ти тие 10% ке ги осетиш? Ке ги осетиш под одредени услови на одредени вртежи.
Опседнат со ремапот и начинот на кој ја возиш колата, по ремапирањето, додека ти не се навикнеш на новата мапа не ја приметуваш можеби разликата. Во тек на неколку дена, односно извозени 200 до ххх километри, ти се навикнуваш и практично директно ги осеќаш тие 10%.
Тоа кај колата го нарече self-learning , а кај луѓето се вика адаптација или може да се толкува и како перцепција. Со перцепцијата на работата и однесувањето на моторот ти постепено ја осеќаш снагата.
Дино не е толку паметен, но затоа има можност да ги увиди промените во работата и однесувањето на моторот во истиот момент.
Или некој ден после self-learning -от.
Мејлови немам намера да пишувам, пошто не планирам да правам овакви екскурзии во моментов, а кога ке решам тоа да го направам, да сигурно ке се распрашам за сите детали.
Сепак фала ви што споделувате овакви искуства и земате активно учество во дискусијата