Автор Тема: Климата ми мириса на прашина/бајато/дом за старци  (Прочитано 2379 пати)

Отсутен skullmonkey

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
Дечки, кога дува климата ми мириса на прашина, земја. Кога палам повеќе па после помалку ама сепак мириса. Претпоставувам треба да се чисти. Има некој специјализирсн сервис за ова или да одам кај матичен сервисер?

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Купи си од сонакс чистач за клими https://m.facebook.com/sonax.mk/posts/833520430030247
И после тоа смени и нов филтер за полен, на него можеш да му капнеш некоја капка од миризливо уље ги имаш во веро џамбо

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Обавезно извади го и филтерот за полен при аплицирање на средството и после стави си нов.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Со Сонакс нема мн да завршиш раб... Пишувано е мн за ова во темата за клима.
Најдобро е да земеш туба со пена и долго црево, јас користев од Лукоил некое полско, и обавезно менување на клима филтерот.
Исто не е лошо да видиш дали ти е негде запушен дренажниот систем на климата.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Со Сонакс нема мн да завршиш раб... Пишувано е мн за ова во темата за клима.
Најдобро е да земеш туба со пена и долго црево, јас користев од Лукоил некое полско, и обавезно менување на клима филтерот.
Исто не е лошо да видиш дали ти е негде запушен дренажниот систем на климата.

ЈАс потврдувам дека тоа спрејот со цевка помогна кај мене, ама имај на ум дека треба добри 3-4 дена да се исуши и да испари миризбата од спрејот и дека при шприцање во вентилација може да протече од каналите во кабина. Кај мене се цедеше цел ден, а па може и јас без усул ставав.

Мене ми текна да испрскам вечерта и следниот ден тргнав за Солун, пола пат вака возев:



Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Инаку, ако мислиме на истиот спреј, тој само се активира, вентилацијата се става на внатрешна циркулација, и колата работи така 15 мин.
Ако има некој друг спреј тогаш сме измешале брзини.

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Ова Сонакс немаше никаков ефект кај мене. Ниту 1%.
Незнам дали е ова само за нашиов пазар, ама сонаксов за клими се џабе фрлени пари.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Кај мене имаше сосема солиден ефект. Само би додал уште една-две инструкции во процедурата:

1. Пред употреба извади го филтерот за полен и зачисти го, за секој случај.
2. По употреба комплетно смени го филтерот за полен, по логиката дека по користење на Сонакс спрејот, филтерот е полн со што-и-да-е.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Не знам како се конструирани системите за вентилација кај вас, ама кај мене прво иде филтерот, одма после него хладњачето за парно, и после него каналите за вентилација.

Морав да барам дупка после хладњачето за да прскам со средство за дезинфекција, најдов некоја сонда упикана од горна страна на цевките, ги одрав рацеве додека се упикав таму ;D

Претходно се појавуваше миризба при пуштање на клима само ако претходно колата се возела со клима, сега и тоа исчезна, веројатно се дезинфицираше. :)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Не можи вооптшо да не мириса. Кога ја користиш климата се ладат каналите и се кондезира вода низ нив. Кога по некој саат ќе уклучиш пак клима или пак само вентилација ќе замириса на влага шо е нормално. После некоја минута дување мирисот треба да го снема. Барем така е кај мене.

За да го намалиш мирисот можиш пред да ја угасисш климата да оставиш да подува вентилација земајќи воздух однадвор со цел да ги подисуши каналите
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен skullmonkey

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
Дур имав Сеат матичниот мајстор со спреј и црево го праеше баш тоа што го зборите. Пунење каналите со пена и после пола саат најјако на најтопло. Сеа со Нисан треба друг да барам. Сам ми е шубе.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Не можи вооптшо да не мириса. Кога ја користиш климата се ладат каналите и се кондезира вода низ нив. Кога по некој саат ќе уклучиш пак клима или пак само вентилација ќе замириса на влага шо е нормално. После некоја минута дување мирисот треба да го снема. Барем така е кај мене.

За да го намалиш мирисот можиш пред да ја угасисш климата да оставиш да подува вентилација земајќи воздух однадвор со цел да ги подисуши каналите

Да де, јасно дека на влага мириса. Претходно мирисаше на влажен прдеж/расипано јајце/како во Дебар кај бањите. Сеа мириса на влага од време на време. На форумов прочитав совет да ја гасам климата 2-3 минути пред гасење на колата, и се трудам да не заборавам ама еден памет е.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Го купив спрејот од Сонакс, ќе го испробам утре. Нормално, купив и нов филтер. Се мислам дали да го извадам стариот филтер, и без него да го ставам Сонаксот?