Автор Тема: Golf MK2 GTI 8v  (Прочитано 11453 пати)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Golf MK2 GTI 8v
« на: 11 Април 2018, 23:20:53 pm »
Да представам и другата двојка ГТИ која ја имам спомнато во неколку наврати во другата тема.

Станува збор за модел произведен 1990 година со 1.8 8 вентилски мотор, 5 врати, електрика на сите прозори, електричен шибер и клима фабричка, централно заклучување фабричко.

Генерално колата шасиски е во одлична состојба освен што си бара освежување на бојата со префарбување и нова лева предна врата. Козметички има што да се подобри но тоа засега не е во план.

Колата е кај мене веќе некои добри 6 до 7 месеци, за тоа време имаше доста работа од редовно одржување која беше завршена.





Колата е донесена од Италија кога на почеток се пушти законот за увоз, првиот газда ја чувал во гаража претежно и не е возена што и си покажа, газдата пред мене ја купил за препродажба и се гледаше дека и фали внимание на колата.

Некаде на почеток кога ја имав направив една мала беља, на пат Струмица кон Скопје се бркав со Мерцедес ЦЛА (знам дека звучи смешно) на винички табли бел, некаде дознав бил на газдарицата на Винчини... како и да е од Овче Поле па до Петровец ретко ја пуштав гаста што на крај резултираше да преврти дотраениот каиш на водна пумпа и да не ја врти водата, и јбг македонче прегреа.

Се рамнеше глава, гумици на вентили се сменети, палец, капа, кабли за свекици, свекици, ладник, водна пумпа, уље и филтри.





Да не се секирате и ребраст сменивме и чипс каснавме  ;D



Од тогаш колата смени неколку пара бандажи, Зендерот што беа на неа заедно со тие на Кецот од брат ми во пар, така да подобри бандажи ќе има во некое подобро време сега си тера на фабрички ББС.





Деновиве решив дека буџетот дозволува да се променат делови од подвозјето за да биде побезбедна и управлива колата, што и всушност треба да си биде така нормално.

Земени се Пагид предни дискови и задни плочки, Феродо задни дискови и предни плочки, Рувил чаури и гумици на вилушки, Рувил буфери, Рувил задни лагери, Рувил јабучици и сајли за рачната.











Да не заборавам да споделам каква беше ламелата, со пуштен кумплуг на 3000 обртаи почнуваше да се движи  >:(



И една за крај уметничка од пред некој ден, повеќе слики и промената на изглед ќе има деновиве... има нешто што не спомнав  ;D

« Последно менување: 12 Април 2018, 01:02:09 am GTI16V »

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #1 на: 12 Април 2018, 00:12:48 am »
Поминував прееска каде што ти е сликана двојкава, баш ја загледав. :) Интересно изгледаше

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #2 на: 12 Април 2018, 08:24:04 am »
Колку коња е што може да се држи со цла?

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #3 на: 12 Април 2018, 09:44:07 am »
Го бркал го бркал, на крај го „фатил“ на патарина ;D ;D ама јеби га, скувала :D

Се зезам. Убаво Голфчето. Мераклиски си ги одржаваш. Браво.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #4 на: 12 Април 2018, 11:14:39 am »
@Марјан 112 коња е, у никој случај неможе да држи на драг, ама ако возиш 150-160 и другата кола вози исто тогаш држи ли? 😂

Инаку девојката/жената и стана интересно што се бркаме по автопат хахаха.

@Carpathian Lord тоа е, прокува а таман ја стасав 😂😂😂

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #5 на: 12 Април 2018, 11:20:39 am »
Очекував 120-130кс дека ќе биде, ако двете имаат крајна брзина околу 200 сеедно е која колку коњи има на тој рамен пат

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #6 на: 12 Април 2018, 11:40:59 am »
Очекував 120-130кс дека ќе биде, ако двете имаат крајна брзина околу 200 сеедно е која колку коњи има на тој рамен пат

Тоа е 16V-скиот.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #7 на: 12 Април 2018, 14:15:32 pm »
Очекував 120-130кс дека ќе биде, ако двете имаат крајна брзина околу 200 сеедно е која колку коњи има на тој рамен пат

Тоа е 16V-скиот.

Блиску сте, има два типа на 16 вентилски мотори, ознаките се PL и KR. Разликата е во тоа што PL-от е 129кс, има катализатор и се монтирал во моделите од 90та и 91ва година во земјите каде што започнува еуро 1 стандарди, дополнително има електронска 5та дизна и е полесен за штелување. KR-от е 139кс, нема катализатор и 5та дизна е механичка, за штелување и Св. Петар не се нафаќа баш. Е сега од мотор до мотор има разлика во брегастите и усисната грана, не е врзано со одреден тип на мотор туку незнам зошто излагале така фабрички, но може да се сретне KR со 100 и со 102 киловати, разликата е во брегаста и почирока усисна 42мм и 50мм се фабрички.

8 вентилските мотори ги има 3-4 типа, монопоинт вбризгување, карбуратор и Дигифант 1 и 2. Ќе се задржам на Дигифант 2 бидејќи имам прочитано повеќе податоци, за другите не сум толку информиран, има пак две изведби од Дигифант 2, со катализатор и без катализатор, едниот е 107кс а другиот е 112кс, ознаките на моторот се PB и PF. И едниот и другиот се со електронско вбризгување.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #8 на: 12 Април 2018, 14:42:17 pm »
На времето ми нудеа од овој PL за тогашни 300 евра (2005 година ова).

Сакав да го ставам во Голф 1. Некако ми изгледаше мачка во вреќа, и ми викаа додатен држач треба за моторот (а наводно не треба) и некако се предомислив.


Присутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #9 на: 12 Април 2018, 15:32:24 pm »
Не додатен, туку ако е бензинец кец држачот на мотор треба да се премести, ако е дизел не треба.
Е сега, ова е за 1.8 8V digifant мотор од Голф 2 да упасираш во Голф 1, а за 16V, не сум сигурен, претпоставувам држачите му се на исто место како на 8V моторот.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #10 на: 12 Април 2018, 18:01:08 pm »
На времето ми нудеа од овој PL за тогашни 300 евра (2005 година ова).

Сакав да го ставам во Голф 1. Некако ми изгледаше мачка во вреќа, и ми викаа додатен држач треба за моторот (а наводно не треба) и некако се предомислив.



Исто е како да местиш 1.8 8 вентилски мотор тие се држачите. Еден на блокот, еден на мењач странично еден назад и еден напред. Разлика има во стабилизаторот, некои 16 вентилски мотори имаат амортизер како стабилизатор што оди од страна на блокот до чашката и го немам видено кај сите 16в двојки.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #11 на: 13 Април 2018, 02:31:30 am »
До пред 30 мин се работеше и се заврши предницата, со @Antonio мислам дека ни прекипе крени, спушти, мери, помести нагиб, отвори, затвори тркало. Конечно предницата се заврши, остана уште задниот дел.

Процес на растурање.



Па полека се назад, со мало изненадување KW Variant 3  ;D





Валкани се амортизерите знам, но и така долго нема да останат чисти.

Целта ми беше да има еден прст растојание од гума до крило. Прво штелување и ја утнавме за малку  ::)









Утре ќе се доврши задниот дел, можно е да мора да се замени задниот трап што би било најболното решение, во најдобар случај отидена е само задна чаура. Па ќе се монтираат новите дискови и лагери и нови плочки, на крај сајлите за рачната.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #12 на: 13 Април 2018, 09:35:30 am »
Цицка докторе, цицка! Се е цицка!

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #13 на: 13 Април 2018, 10:22:18 am »
Хахаха, фала @Carpathian Lord. Не е се цакум пакум, но еве се вложува труд да се одржува и да биде технички исправно возилото. Секогаш може и подобро.

Ме зачуди што стабилизаторите кога ги барав предни за 90та година 2ка ГТИ ги немаше никаде, на крај на едно место ми извадија каталог дека се исти со тие од дизел верзијата и ги намонтиравме на колата. Старите беа во очајна состојба, да не зборам за дисковите, секое кочење можело да биде фатално веќе.

Отсутен DzOle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #14 на: 13 Април 2018, 12:45:41 pm »
Едно не ми е јасно како ви се ставаат вакви амортизери не средени и вакви бандажи исто не средени можеби ја сум премногу перфекциониста  ...ајде за колата и треба целосно префарбување


Noo New Model Cars...I'm Riding Old SchoOl !!!