Автор Тема: CARclub роденденска прослава!  (Прочитано 36430 пати)

Отсутен eli428

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
CARclub роденденска прослава!
« Одговори #15 на: 12 Ноември 2011, 02:33:52 am »
Prividenija, prividenija :D :D :D
Брзината и совршенството не одат заедно :)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
CARclub роденденска прослава!
« Одговори #16 на: 12 Ноември 2011, 02:36:24 am »
Bas dobra zurka, da ni se mnozat vakvite nastani i so mnogu poveke clenovi vo idnina.
Mestoto bese top odbrano bas za vakva prilika, svaka cas za organizatorite.

Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
CARclub роденденска прослава!
« Одговори #17 на: 12 Ноември 2011, 02:37:11 am »
Супер провод и мило ми е што дојдоа Лоши Патишта и Mickey Mouse, се запознавме навистина се супер дечки!

Имаме и слики за доказ! Интересен факт е што и во живо лицата им се замаглени :D :D :D
Сликите јавно на форум не!! Кој не бил нема да знае. Иначе и јас имам доказ - фотографија.
Одлично си поминавме. Голем поздрав до сите посебно до класниот кого утре пак ке го видам на плоштад Македонија(ако не се успијам)

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
CARclub роденденска прослава!
« Одговори #18 на: 12 Ноември 2011, 02:38:08 am »
Bas dobra zurka, da ni se mnozat vakvite nastani i so mnogu poveke clenovi vo idnina.
Mestoto bese top odbrano bas za vakva prilika, svaka cas za organizatorite.
Чекај ја црната ти :D и ке ги тепаме овие БАТАЛЧАНИВЕ биљард :D

Отсутен sase07

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 547
CARclub роденденска прослава!
« Одговори #19 на: 12 Ноември 2011, 02:44:57 am »
super bese

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
CARclub роденденска прослава!
« Одговори #20 на: 12 Ноември 2011, 02:46:35 am »
одлично!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
CARclub роденденска прослава!
« Одговори #21 на: 12 Ноември 2011, 02:48:38 am »
Секоја чест на луѓето што специјално допатуваа само за роденденот!
Жалам што не се запознав со ниту еден од вас, но секогаш сте спремни за дружба и веројатно на наредниот собир ќе се запознаеме! :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
CARclub роденденска прослава!
« Одговори #22 на: 12 Ноември 2011, 03:53:48 am »
Клабери и клаберки, чујте и почујте!! (инфо: земете си марамче, стануе емотивно на крајот ;D)

Мислам дека и немаше подобар начин да се прослави првиот роденден на нашиот ни мил ем најдраг клуб. Толку луѓе... исправка... толку ПРЕКРАСНИ луѓе на едно место, собрани за убав провод, дружба и зезање, едноставно... не знам, ретко кога сум останал без зборови, ама ете, бива и такво чудо :)

Сакам од се’ срце да ви се заблагодарам на сите што дојдовте, особено на тие што не се од Скопје, алал да ви е, тоа особено многу ми значи и мене, а верувам дека и на рестото администрација :)

Немате претстава колку ми е мило, колку сум среќен што дојдовте во толку голем број, и си поминавте убаво. Месец дена сум хронично ненаспан, со работни обврски до бесвест и назад, ама вакво нешто, и тек како дава волја за живот :)

Ви благодарам на сите!

Најискрено ваш,
Велештрумф

П.С. Огромен поздрав до сопствениците на локалот, не сум запознал толку добри газди до сега.
П.П.С. За тие со кои не успеав да се запознаам, јас сум тој (мислам и единствениот таму) со црвена CARclub маица (што после мораше да биде сменета, оти билјардов да ти бил спорт со многу физичка активност :))
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Ludi Kure

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
CARclub роденденска прослава!
« Одговори #23 на: 12 Ноември 2011, 03:59:00 am »
Interesno bese jas yes deka poveke si sedev ali toa mi e stilot, sedi ,snimaj i chill out vo sekoj slucaj treba pocesto da pravime vakvi raboti  :P
P.s tortata bese top  ;)

Отсутен NetworX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 929
CARclub роденденска прослава!
« Одговори #24 на: 12 Ноември 2011, 04:00:05 am »
Сите стигнавте дома без никакви проблеми, милиции, кварови (за алфашите е ова) итн итн? :)
Dear God. Thank you for providing us with the direct-port nitrous injection, 4 core intercoolers, ball bearing turbos, and titanium valve springs, Amen.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
CARclub роденденска прослава!
« Одговори #25 на: 12 Ноември 2011, 05:35:58 am »
Секоја чест на луѓето што специјално допатуваа само за роденденот!
Жалам што не се запознав со ниту еден од вас, но секогаш сте спремни за дружба и веројатно на наредниот собир ќе се запознаеме! :)

Мартинчо се запознајвме само не ме позна изгледа :), иначе одлично си поминавме, супер дружба, супер друштво, прекрасно одбележан првиот роденден, ми е криво што не се запознав со сите, ама стварно беа многу луѓе. Еве и некоја слика од атмосферата




























Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub роденденска прослава!
« Одговори #26 на: 12 Ноември 2011, 08:36:14 am »
Дечки, и јас да ви се заблагодарам за одличниот одзив, позитивното расположение и супер атмосферата! Стварно не очекувавме толку многу луѓе да дојдат и да споделат со нас една фантастична вечер!

Ви благодарам на сите за ентузијазмот и поддршката. Немам доволно зборови да се заблагодарам на сите кои дојдоа - особено дечките кои стигнаа од сите краишта на Македонија. Вчера имаше луѓе од Виница, од Охрид, Велес, Гостивар, Битала.. Немам зборови!

Одиме напред, кон нови и убави работи, а вакви прослави и журки само ни даваат сила и самодоверба да продолжиме натаму со истото темпо!

Карклуб стварно не е заебанција!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: CARclub роденденска прослава!
« Одговори #27 на: 12 Ноември 2011, 10:08:53 am »
Одлична забава и прослава на ниво по сите норми и стандарди. Убава дружба, но премалку време за доволно да се испочитуваме секој со секого. Значи потребно е да ги интенвизираме ваквите дружби. Но во иднина должни сме да го направиме тоа надвор од Скопје како благодарност до екипите кои вчера, како и претходно, се задаодоа да дојдат од разни краишта од Македонија за заеднички да го одбележиме овој настан.

Карклаб од поодамна не е заебанција иако имаше такви кои на почетокот на заебанција велеа дека сме се собрале 4-5 души и си праиме муабети колку да се рече дека сме форум. Епа каде сме ние денес, а каде се тие?



Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: CARclub роденденска прослава!
« Одговори #28 на: 12 Ноември 2011, 10:12:48 am »
сигурно сте си поминале одлично..... штета што не разбрав порано. Сега кој е ЛП на сликиве ?

п.с. кој користи кредитна за bounce на блицот ? :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub роденденска прослава!
« Одговори #29 на: 12 Ноември 2011, 10:29:40 am »
Вчера ова што го видов на прославата стварно ми ја смени перцепцијата за душата и срцето на овој народ во оваа смалена земја.

Вчера бев толку возбуден што не знаев од каде да почнам. Не знаев кој од кого ми е поблизок клабер и пријател. Сакам на сите да ви се заблагодарам што дојдовте, бевте опуштени и бевте расположени за дружење. Многу голем кеиф ми се направи кога го видов Лазе со семејството (сопственикот на локалот кој е мој мноигу добар другар-легенда од младоста). Не се ни сомневав кога видов како се вклопи тој во нашето друштво. Едноставно легендарно.
Мартин алфистата ми направи исто така многу кеиф, со ентузијазмот со кој влезе официјално во друштвото. За Гојдо, Зеро, Велештрумф немам коментар, пошто од нив и очекував rewrite of history :D

Се извинувам на тие што не ги издружив колку што сакав, навистина времето е малку кога задоволството е големо. Не ми замерувајте, ќе се дружиме уште многу и уште долго. Рано си заминав но нешто ми кажувало дека треба да се приберам дома точно на време и да обавам семејна обврска.
Поздрав до сите, фантастични бевте.