Официјално да го претставам. После три месеци без кола и две недели активно пребарување по огласи, тест возења, конечно се мобилизирав повторно со кола. Во духот на дизелгејт забраните, турбо бензин. Во духот на мојата љубов кон Форд, марката која вечно губи пари и вредност, ама прави одлични коли за возење.
Ford Focus 1.5 Ecoboost со 110kw/150ps и во ниво на опрема Титаниум. Не е фулллл опрема, ама има доволно џиџи-миџи по неа.
Старост: Прва Регистрација Април 2015. Произведен февруари 2015та.
Километри: Купен со 50 000 километри.
Купен од: официјален дилер на форд, и претходно има само еден сопственик. Јас сум втор.
Надвор:
- Magnetic Gray metallic со чуден минерален ефект во живо.
- ЛЕД дневни светла
- 16“ алуминиумски бандажи со Вектор 4С
- Парк-пилот систем насекаде (Паркира сам, многу е јако кога те паркира
)
- Quick-clear греење на предно стакло
- Затемнети прозорци од Б-столб.
Му фали:
- Сончев кров
- Поголеми бандажи
- Ксенон
Внатре:
- Платнени спортски седишта
- Греење на седишта
- Двозонска “инвертер“ клима
- Спортски, кожен мулти волан со греење, темпомат, лимитер, гласовни команди (кои работат одлично меѓудругото).
- 8 инчен Синк 2 систем со навигација (со известувања за сообраќајки/гужви/итн.), инфотејнмент, Bluetooth. Некои викаат дека е бавна и не осеќа допир. Но, кога ги притискаш копчињата како да се физички присутни одлично одговара и никогаш не е бавна или шашава. Едноставно не е стандарден тач скриин од телефон туку нешто друго. Навечер, воопшто не смета.
- 4-5 инчен мулти дисплеј меѓу обртомерот и километражата
- Лед амбиент осветлување
Му фали:
Алкантара седишта или кожа.
Импресии после 1000 километри со него. Сеуште не можам да му го фатам теркот на куплунгот ама се навикнувам. Моторот е многу жилав и се осеќа како да има повеќе кс отколку што ги има. Особено во трета/четврта на доубрзување е страшен. До 200 полни километража брзо. Крајна брзина не знам, немам тестирано, ама претпоставувам дека ќе се врти околу 215-220 по тахо. Маневар престигање доубрзување 3-4 секунди. Ако го споредам со мечето, тука некаде се на доубрзување, ама фокусчето ќе изгуби на крајна брзина или на гонење со брзини 180-220. Битно е што држи темпо на автопат 130-160 без око да му трепне. Внатре тивок, изолиран, и речиси никогаш не се слуша моторот. Вибрации, бука, ветер нема никакви. Седиштата многу удобни дури и за некој тркалезен како мене. Во кривини и како стои на пат му нема рамен. Споредено со поголеми и посилни коли. Воланот тежок како за електричен волан, и секогаш знам на каде ми се насочени предните гуми што е голем успех во денешното време на стерилно управување. Моторот, подвозјето, управувањето и кочниците се најдобрите нешта во неа.
Нешта кои не ми се допаѓаат:
Си има пластики по него. Сите што ги гледаш и допираш се меки. Тие подоле, се евтина тврда пластика. Челикот/лимот некако тенок на допир, ама таков е кај сите од таа класа на возила. И да има повеќе КС (ама јас сум скржав да дадам повеќе пари). Праговите се пластични, и предните и задните браници малце се виткаат кога ги притискаш или мрдаш со рака. Ако не ги фаќаш, мрдаш нема ни да знаеш дека се такви затоа што се е добро склопено. Ама јас сум таков, фаќам се што има со раце, да видам како е што е, и се разочарам.
Друго, форд е, ќе губи вредност како луд.
Слики
И една од потрошувачката за последниот резервоар