Моторите на новиве мазди се толку тивки што дури и на палење ќе се замислиш дали е хибрид
бучавата на моторот воопшто не ми пречи, напротив би сакал да се слуша за да имам контрола при возењето поради тоа што реално ретко кој гледа во шал таблата кога ќе излезеш на автопат, едноставно се опушташ и глеаш да не излеташ од кривина на нашиве патишта.
За седењето или ќе се навикне седиштето на мене или јас на него, иако фактор е и тоа но со оглед на тоа во какви коли сум се возел на долги патеки до сега, било која кола од над 20.000еур е поудобна од фиестата во моментов, крај краева за ефтини суми има масажери, навлаки со потпунки и ќе си најдеш комфорт позиција.
Знам дека фактор за таков тип на бучава е и составот на асфалтот, покрај гумите во некоја тема а можеби и оваа спомнав дека на стариот социјалистички пат Ќустендил - Дупница колата ко да лебди, воопшто звук не излегува, чим излезам на новиот автопат од Дупница за Софија или Благоевград пак се појавува некоја слична но потивка бучава од нашиве патишта, што реално на кратки патишта како Скопје - Софија, Скопје - Солун воопшто не ми игра улога, ќе си пуштиш појако музика и онака 2-3 саати трае патот.
Него друго прашање, зошто никој не ја фаворизира нешто Ауди А4ката? Пријател од негово искуство вели дека е многу чкарт ентериерот, тоа е негова не-препорака да не го земам тој автомобил, после 2-3 години се распаѓала гумата/пластиката иако јас мислам дека е и до оддржавање, мојот форд механички е исилуван, ама ентериерот уште си е како нов, можеби улога игра и гаражирана кола и не оставање на директно сонце на +50 степени температури и средствата за чистење на ентериерот.