Не би се сложил целосно со тебе. Еве во 2021ва кога бев со колата во Македонија, имаше не повеќе од 25К км поминато, значи здрав и исправен мотор. Пишав и тогаш, осетив различна работа на моторот со горивото во МК, отколку со претходно полнето во Германија, Австрија, Хрватска. Полнев и во Србија на Лукоил кога идев накај Македонија. Е сега разликата не беше да се тресе мотор па да те извади од памет, него некое незначително побучно работење во лер, и тоа не беше само еднаш, него цело време додека возев со горивото наточено во МК. Мислам дека на МакПетрол точев ако памтам добро.
Е сега може на потрошени мотори да биде осетна разлика, а може и да нема никаква разлика со гориво точено во МК и во Германија да речеме. Како што пишуваат и другите, кај некои мотори има разлика, веројатно зависи од цел систем на возилото, а пак кај некои нема ич никаква разлика.